Алексеј Аркхипович Леонов е поранешен советски космонаут кој е, како и истакнат уметник. Во 1965 година, тој е првиот човек, кој излезе од вселенското летало и лебдел во вселената во време од 12 минути.

Леонов е роден на 30 мај 1934 година во Алтај, Сибир. Завршил на советската Air Force Academy во Рига, а потоа се обучувал за пилот во Кременчуг. Во 1957 година, завршил со почести на Chuguyev Higher Air Force School, додека 1968 година и на Zhukovskiy Air Force Engineering Academy. Во 1981 година се стекнал со степен Candidate of Technical Sciences.
Во 1960 година, Алексеј Леонов станал еден од дваесетте космонаути избрани од страна на руската вселенска програма.

Неговиот прв лет во вселената бил мисијата со леталото Воскход 2 на 18 март 1965 година. Со дваесет и шест часовниот лет управувал Павел Белјајев, додека Леонов бил пилот. Деветнаесет минути по лансирањето, Леонов бил првиот човек во вселената, кој дванаесет минути слободно лебдел надвор од капсулата на Воскход високо над Земјата. Кога Леонов се обидел да се врати во капсулата, не можел да влезе, бидејќи поради разликата во притисокот меѓу воздухот во неговото вселенско одело и вакуумот во вселената, дошло до ширење на оделото, а прстите не можел да ги движи бидејќи му се вкочаниле. Конечно, со крајни напори успеал да испушти воздух од оделото во вселената и да се врати во капсулата. Зе време на обидот за враќање во капсулата дошло до нарушување на координатите во компјутерскиот систем на Воскход, поради што капсулата слетала преку 600 милји оддалеченост од предвиденото место на слетување. После два дена и студена ноќ во пустина космонаутите биле спасени.
Во 1975 година, го управувал советското леталото, кое било дел од првата заедничка руско-американска мисија во вселената.
За неговите подвизи, Леонов ја добил наградата Херој на Советскиот Сојуз и станал заменик командир на вселенскиот тим, а во периодот од 1976 до 1982 година и командир на космонаутскиот тим и заменик директор на Yuri Gagarin Cosmonaut Training Center.
Леонов се пензионирал во 1991 година со титула Генерал мајор на Советскато воздухопловство.
Кратерот Леонов на Месечината е именуван по него.

Извори:
http://www.nmspacemuseum.org/halloffame/detail.php?id=17
http://www.astronautcentral.com/LEONOV/AlexeiLeonov.html
http://time.com/3745861/leonov-spacewalk-50th-anniversary/
http://www.strela-watch.de/wp-content/uploads/2010/11/leonovevaquad.jpg
http://davidseaver.com/blogspot/yaroslavl_19.jpg

Автор:
м-р Марина Стојмирова