Петок, 20 март 2015, ни носи несекојдневен спој на три астрономски настани. За време на пролетната рамноденица, третата Супермесечина ќе предизивка целосно затемнување на Сонцето на Арктикот.

20 Март е ден кога се случува пролетната рамноденица, поточно денот и ноќта се приближно еднакви.

Мапа на затемнување на Сонцето
Мапа на затемнување на Сонцето

 

Затемнување на Сонцето ќе блокира околу 90 проценти од сончевата светлина и ќе биде најголем настан од ваков вид во последните 16 години. На 20 Март Месечината на својата патека ќе се најде помеѓу Сонцето и Земјата, така што на нашата планета ќе падне сенка која ќе предизвика ретка појава како што е целосно затемнување на Сонцето. Затемнување на Сонцето кое ќе блокира околу 90 проценти од сончевата светлина и ќе биде видливо од цела Европа. Целосното затемнување ќе биде видливо за жителите на северна Скандинавија и Фарските Острови. Оваа појава ќе трае 2 минути и 23 секунди, додека од Европа, Северна Африка и Русија времетраењето на „спектаклот“ ќе биде 90 минути. За жителите на Балканскиот Полуостров видливоста на затемнувањето на Сонцето ќе изнесува 50%. Максималното времетраење на затемнувањето ќе изнесува две минути и 47 секунди на одалеченост од 300 километри источно од Исланд, во Норвешкото Море. Новото целосно затемнување видливо за Европа нема да биде се до 2026.

Затемнување на Сонцето во Скопје: http://www.timeanddate.com/eclipse/in/republic-of-macedonia/skopje

Интересно е што астрономите најавуваат и т.н. „Супермесечина“, односно моментот кога природниот сателит на Земјата е најблиску до нашата планета. Во 2015 година ќе има вкупно 6 Супермесечини. Ова е трета Супермесечина оваа година, додека останатите три ќе се случат во 29 август, 28 септември и 27 октомври.

Како изгледаше затемнување на Сонцето на 11. 08. 1999 година.

 

Литература:
http://www.timeanddate.com/eclipse/in/republic-of-macedonia/skopje
http://www.daveswordsofwisdom.com/2015/03/supermoon-solar-eclipse-march-20th-2015.html
http://www.timeanddate.com/calendar/march-equinox.html
http://sorendreier.com/march-20-supermoon-total-solar-eclipse-and-march-equinox/

Автори:
М-р Јулијана Петровска
М-р Марина Стојмирова