Тропската година, или времето кое ѝ е потребно на Земјата да направи круг околу Сонцето, трае приближно 365,25 дена.

Од причина што во календарот не може да има една четвртина од денот, туку само по цел ден, било договорено на секои четири години, да се додаде еден ден. По совет на германскиот астроном Кристофер Клавиус (1538-1612) и неаполскиот физичар и астроном Алојзиус Лили (1520-1576), папата Грегориј XIII (1502-1585) на 24 февруари 1582 година најавил реформа на постојниот, Јулијанскиот календар.
Новиот календар е именуван по папата Григориј, Грегоријански.

CNN

TELEGRAPH

SCIENCEGRAPH