Основното училиште Нанјанг во Сингапур е едно од најпријатните места за престој каде се развива детската креативност, знаењето и вештините и целосно се постигнува социјалната и воспитна компонента.

01

Од формален аспект, училиштето претставува установа каде што според утврден план и програма луѓето секојдневно учат. Тоа е место каде луѓето од една страна уште од своите детски денови се здобиваат со знаење и вештини а од друга страна возрасните ги пренесуваат своите компетенции на помладите. Покрај пренесувањето на знаење и вштини како основна функција, училиштето има социјална и воспитна компонента.

Училиштата се разликуваат меѓусебе по многу нешта. Постојат разлики според локација, големина, јазик на кој се изведува наставата и активностите, сопственост, функција, степен на образоваие и уште по многу други карактеристики. Но, едно е сигурно, сите треба да претставуваат пријатно место за престој на оние на кои им е наменето.
Денес многу малку се посветува внимание за изгледот на училиштето како место кое има силно влијание на развојот на детската креативност, знаењето и вештините, но и место каде учениците ќе научат да ја препознаат и ценат убавината на учењето.
Такви училишта постојат во светот и се препознатлив белег на градот или географскиот простор во кој се наоѓаат.
Со сигурност може да се каже дека во Сингапур се наоѓа училиште кое според својот дизајн и колоритност, претставува најшареното основно училиште во светот. Тоа е основното училиште Нанјанг во кое функционира и детска градинка, а претставува пример за место и начин на кој децата треба да учат, растат и развиваат.
Во него, престојот мора да е вистинско уживање а веселите моменти секојдневие! А што друго може, ако знаеме дека тоа е Сингапур?

02 03 04 05 06 07 08 09

 

 

11  12 13 14

 

Извор:

http://www.nanyangpri.moe.edu.sg/school-information/new-building-project

 

Подготви:

Анета Чаковска