Креативноста на наставникот која е видлива преку поттикнување и развој на ученичката креативност, претставува индивидуална мотивација која треба да ја применуваат сите оние кои се одредиле за професијата учење и подучување.

Креативноста претставува изнаоѓање на различни приоди, стратегии и техники при реализирање на наставата, се со цел реализирање на целите и постигнување на очекуваните резултати. Низ сопствената кретивност отсликана во креативноста на учениците, наставникот ја добива својата лична сатисфакција.
Таков креативен наставик е и нашиот колега Сашко Стефановски, кој преку примена на разновидни методи и техники ги мотивира учениците и им помага на децата полесно да се справат со проблемите на кои што наидуваат во текот на школувањето.
Преку примерот со текстот „Најубавото писмо“, при оценување на есеите на учениците, Сашко своето искуство, несебично го споделува со своите колеги и претставува вистински пример за човек што ја обожува географијата и професијата која ја избрал.

НАЈУБАВОТО ПИСМО