Резиме: Времето и климата отсекогаш биле значаен елемент на човековата средина и во зависност од својата особеност, во поголем или помал обем, влијаеле врз целокупната активносг на човекот, во неговиот секојдневен живот. Интересот за времето, временските услови, датира од самиот почеток на човештвото. Грмотевиците, дождовите, поплавите, сушите и други ириродни појави предизвикувале интерес кај човекот. Едно од најстарите искуства на човекот е сознанието за постојаната променливост на времето: студено, топло, суво, врнежливо, ветровито, итн. Тие промени можат да бидат толку брзи што во еден ден времето може да се промени неколку пати.

 

1. ВОВЕД
Времето е моментална состојба на атмосферата на одредено место или тоа претставува реална состојба на метеоролошките елементи и појави во даден момент на одредено место. Според тоа, времето е променлив поим, а климата или поднебјето претставува осреднување на сите атмосферски состојби кои во некои региони се јавувале во долга низа години. За формирањето на климата и времето на одредено подрачје влијаат следните фактори: астрономски, метеоролошки, географски и антополошки. Овој труд се занимава со општите климатски влијанија, карактеристиките на релјефот, како и со значајните климатски модификации, циклонската и антициклонската активност бидејќи тие се суштински за ракување, пренесување или создавање на централни и фронтални системи. Природно-географскиот комплекс во Република Северна Македонија се одликува со особена разновидност и сложеност, поради што сложените истражувања во овој предел кој е под влијание на природни географски и социоекономски фактори се неопходни и незаменливи, а поради фактот што геопросторот е условен од различни процеси и појави кои предизвикале одредени проблеми и последици поврзани со еволуцијата и нејзината економска експлоатација. Тиквешката област е една од најсушните не само во Република Северна Македонија туку и на Балканскиот Полуостров. Просечните врнежи во годината на ова подрачје измерени во последните 50 години се помали од 500 мм.

2

2. КЛИМАТСКИ УСЛОВИ

Република Македонија, иако мала но површина (25713 km2), се одликува со разновидни климатски услови. Таа се наоѓа во умерените географски широчини, меѓу 40º51´08” и 42º22´20”, северна географска широчина, на мала оддалеченост од Средоземното Море, односно од Егејското Море е оддалечена 66 km, а од Јадранското Море е оддалечена 88 km. Врз климата во нашата земја влијание има и Атлантскиот Океан преку западните ветрови, но и западната циркулација, кои се јавуваат како силен извор на влага и кои забележително влијаат врз климата во Македонија. Затоа, повеќе климатолози - П. Вујевиќ (1952, 1954), А. Лазаревски, М.Зиков, П. Ристевски и други, Македонија ја вбројуваат во континентална-средоземноморска климатска област. Според тоа, овие два климатски типа на поднебјето на Македонија се комбинираат на најнеповолен начин. Овде се менуваат студената и влажна континентална зима, со често продирање на поларни воздушни маси и врелото и суво медитеранско лето. Со тоа, годишните колебања на температурата како и степенот на конгиненталноста се зголемени, додека само мал дел од речните долини и котлини се под посилно влијание на средоземното поднебје. Тие влијанија најдобро се чувствуваат во Гевгелиско-валандовската и Дојранската Котлина, на север од Демиркаписката Клисура, во одредени години, по целото Повардарие, потоа во Струмичко-радовишката Котлина, по долината на р. Црн Дрим и Дебарската Котлина.

3. ЦИКЛОНСКИТЕ И АНТИЦИКЛОНСКИТЕ ЦЕНТРИ КАКО ФАКТОРИ ЗА КЛИМАТСКИОТ РЕЖИМ ВО МАКЕДОНИЈА

Промените на временските погоди и непогоди зависат од движењето на воздушните маси кои, пак, се движат заради температурните разлики. Бидејќи сето тоа се одвива во слободен нростор, без огради, воздухот кој е под висок атмосферски притисок буквално влетува или како една замислена река се влева во просторот со помал притисок, односно понизок атмосферски притисок, предизвикувајќи ветер. За колку се поголеми разликите во притисоците, за толку се зголемува струењето на воздухот, односно ветерот станува сѐ посилен и посилен. Ваквото движење и преместување на воздушните маси е поради температурните разлики, но и поради движењето, односно ротацијата на Земјината топка која го диктира правецот на движењето на воздухот во внатрешноста на циклонот и антициклонот. Во однос на циклонската активност, нашата територија претставува простор над кој се донесуваат и пренесуваат различни воздушни маси со воздушната циркулација од постојаните и секундарните центри, но се создаваат и исчезнуваат фронтални системи од различни размери. Во центарот на циклонот атмосферскиот притисок е најнизок, на затоа воздухот (кружно заради рогацијата на Земјата) струи кон центарот во спротивен правец од стрелките на часовникот. Кога циклонскиот воздух ќе стигне во центарот на циклонот, се издигнува горе, во височините, носејќи ја со себе водената пареа која ја собрал во пониските слоеви од земјината површина. Таа влага, кога ќе дојде во горните постудени слоеви во атмосферата, станува видлива како облак или кондензира, се згуснува во вода која во облик на дождовни капки, снегулки, а понекогаш и како парченца мраз, иовторно паѓа на земјината површина. Според тоа, кога се случува циклон имаме лошо време, но понекогаш ваквото време им е потребно на земјоделците после подолг сушен период. Антициклонот, по правило, носи убаво време. Во средиштето на антициклонот атмосферскиот притисок е највисок, па затоа воздухот во антициклонот струи кружно околу периферијата, односно краевите на антициклонот, додека во неговиот центар, одозгора, од високите слоеви на атмосферата, се слева незаситен сув, без пареа, воздух. Спуштањето на воздухот е причина за стабилни временски услови во средиштето на антициклонот. Според А. Лазаревски (1993), постојани центри на висок воздушен притисок се Азорскиот антициклон и Исландскиот циклон или депресија, кои имаат битно влијание на временските прилики, а со тоа и на климата во Македонија. Во топлиот дел од годината циклоните се движат понасевер од нашата територија, а во зимскиот дел од годината сме иод нивно влијание. Од овие причини, во летните месеци врнежите се послаби и главно доаѓаат од Егејското и Јадранското Море, така што кога ќе се најдат во средишниот дел на нашата земја, се осиромашени со влага. Како причина за тоа се високите планини што се јавуваат како главни пречки врз кои паѓа најголемиот дел од влагата. Според просторната распределба на годишните суми на врнежи постојат неколку потесни подрачја во Македонија со вонредно сува клима. Во тие сушни подрачја спаѓа и Овчеполието и средишниот тек на р. Вардар со поширокиот реон на Градско. Сушните периоди се резултат на формирањето на Азорскиог антициклон кој условува долг период на суво време. Не впуштајќи се во детални проучувања на плувиометрискиот режим, од аспект на потребата за влага на земјоделските култури, може да се оцени дека годишната сума на врнежи во Македонија е недоволна, а плувиометрискиот режим неповолен. Всушност, максималните врнежи се јавуваат во доцните есснски и зимски месеци кога потребите на вегетацијата за влага се најмали, додека летниот сушен нериод значително го отежнува развојот на повеќе земјоделски култури.

3

4. РЕЛЈЕФОТ КАКО ФАКТОР НА КЛИМАТСКИОТ РЕЖИМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Врз климатските карактеристики, кај нас, големо влијание има релјефот бидејќи тој како климатски модификатор има значајна улога во одвивањето на атмосферските процеси. Поконкретно, од релјефот е условена радијацијата, но и атмосферската циркулација на воздухот. Република Македонија се одликува со мошне интересна релјефна структура исполнета со планини, долини, котлини, клисури и други орографски форми. Според податоците може да се заклучи дека Република Македонија е ритчесто-планинска земја со голема вертикална расчленетост. Според М. Зиков (1995), во однос на вкупната поврншна околу 19% припаѓа на макрорелјефните форми - котлини и полиња, околу 12% на средно-високите планини, а 18% на високите планини. Планините кои се делат на високи, средни и ниски со нивниот правец на протегање имаат видливо влијание на атмосферската состојба во Македонија, на режимот на метеоролошкиге елементи и нивната просторна распределба, а според тоа и на климатскиот режим.

4


5. ХИДРОГРАФСКИ УСЛОВИ

Водата е единствената природна течност која го условува животот и е основа на опстанокот на целиот жив свет на планетата Земја. Земјата без вода би била пустина слична на која било друга планета, на поради тоа развојниот пат на живиот свет е тесно поврзан со оваа природна течност. Водата е основа на сѐ, сѐ произлегува од неа и сѐ се враќа во неа. Водата во атмосферата е една од важните компоненти на водниот биланс во природата. Таа е значаен фактор за животот на Земјата и атмосферата. Се сретнува во три агрегатни состојби: гасовита (водена пареа), течна (дожд, вода, роса) и цврста (мраз, снег, град). Целата светска резерва на вода на Земјата е во тесна корелација со хидрометеоролошките процеси во природата. Во тие процеси спаѓаат циркулацијата на водата на релација земја-атмосфера-земја, испарувањето, врнежите и воденото истекување. Генералното собрание на ООН, почнувајќи од 22 март 1993 година, донесе одлука овој ден и месец да биде прогласен за Светски ден на водите. Со одбележувањето на овој ден ООН ја опоменува светската јавност и своите држави - членки дека водниге ресурси се од витална важност за опстанокот на човекот и развојот на стопанството. Според досегашните сознанија, очигледно е дека најголемиот број на населението во светот сѐ уште не ја познаваат вистинската вредност на водата за животот и за работата на луѓето, при што и денес неодговорно се однесуваат кон неа. На Светскиот форум за водите што се одржа во март 2003 година, во Кјото, Јапонија, 2003 година е прогласена за година на слатките води. Повод за ова беше фактот дека околу 4 милијарди луѓе во светот (од вкупно 8 милијарди во 2015 година немаат доволно квалитетна вода за пиење и за наводнување на земјоделските површини.

5

6. СУШАТА КАКО МЕТЕОРОЛОШКА ПОЈАВА

Сушата е природна појава што е условена од различни климатски фактори, а резултира со недоволни количества вода. Сушата, како метеоролошка иојава, претставува дополнителен белег на режимот на ветровите. Како последица на сушата е и губењето на мелиоративниот потенцијал на акумулациите во Република Македонија, а со тоа и загубите во приносот на одделни земјоделски култури. Според тоа, во литературата иостојат повеќе дефиниции, но ние се определуваме за тоа дека под суша се подразбира подолг временски период без врнежи, кога почвата е без потребната влага, а воздухот со недоволна влажност. Таа кулминира кога на ова се надоврзуваат високите температури на воздухот, дувањето на суви и топли ветрови и силното испарување. Според А. Лазаревски (1993), под сушен период се сметаат непрекинати десет и повеќе денови во кои дневното количество на врнежи е рамно или над 0.1 mm, односно низа денови во кои немало никакви врнежи. Според тоа, бројот на сушните периоди не соодветствува со големината на годишниге количества на врнежи. Така, на пример, во годишнниот број на сушни периоди на територијага на Македонија, средниот тек на р. Вардар, од Велес до долниот тек на р. Вардар – Гевгелија, е со најголема зачестеност на сушни периоди. Според М. Змејковски (2002), во врска со влијанието на сушата врз вегетацијата разликуваме атмосферска суша и суша на почвата. Атмосферската суша се одликува со висока температура и ниска релативна влажност на воздухот до 12%. Тоа значи дска вегетацијата заостанува во својот нормален раст, при што овенува, а потоа, со продолжување на сушниот период и се суши. Со подолготрајно ипродолжување на влијанието на атмосферската суша доаѓа и до суша на почвата, при што последиците врз земјоделските култури и воопшто врз вегетацијата се катастрофални. Како последица на големите сушни периоди доаѓа до пресушување на површинските водотеци, спуштање на нивото на потповршинските води, сушење на земјоделските култури, сушење на тревата на пасиштата и ливадите, појави на чести пожари, заболување на животните и сл. Сушите немаат некој одреден режим на појавување за да можат да се предвидат во одредено време и простор. Во Република Македонија, речиси секоја година се забележуваат сушни периоди со траење преку 30 денови, а во одделни години и одделни подрачја траењето на максималните сушни периоди изнесува и преку 80 денови. Територијата на Македонија спаѓа во групата земји окарактеризирани како најсушно подрачје на Балканскпот Полуостров, а околината на Градско и Тиквеш со околу 250 mm, претставува најсушна област на Балканскиот Полуостров. Како последица на малите врнежи, нашата земја повеќепати била зафатена од катастрофални суши. Така, според А. Лазаревски (1993), екстремна есенска суша е регистрирана од 14 јули до 9 октомври 1956 год. (88 денови) во Гевгелиско-валандовската, Дојранската, Струмичката, Тиквешката, Пелагониската, Кумановската и Кочанската Котлина, потоа во Овче Поле, Велешката, Кичевската, Полошката и Дебарската Котлина, со траење од 75 до 88 денови, во Охридската, Преспанската и Скопската Котлина со траење од 60 до 65 денови, а во Беровската, Делчевската и Кривопаланечката Котлина со траење од 40 до 50 денови. За одбележување се и екстремната зимско-пролетна суша од 1953 год. во траење од 56 денови, во 1983 год. појавата на зимско-пролетната суша, во 1985, 1993 год. итн. Од изнесеното можеме да заклучиме дека Р. Македонија е подрачје во кое присутноста на сушите е честа појава (високи темиератури, а минимум врнежи), што наложува потреба од примена на агротехнички мерки - наводнување, кое претставува најефикасен метод во борбата против сушата, односно аридноста.

6

7. ХИДРОМЕЛИОРАТИВНИТЕ СИСТЕМИ ЗА НАВОДНУВАЊЕ ВО СУШНИ УСЛОВИ

Прсд Втората светска војна во Македонија немаше изградено системи за наводнување, односно постоеја само примитивни јазови и бразди преку кои се наводнуваа мали и расцепкани парцели и тоа претежно бавчи за градинарско производство. Активната борба со сушата во нашата земја започна во повоеннот иериод и тоа со изградбата на првите системи за наводнување. Тие придонесоа за измена на аграрниот пејзаж во географскиот простор на Македонија и воведување на нови интензивни, економски исплатливи, земјоделски култури во земјоделското нроизводство. Република Македонија е континентална земја која располага со 1.249.124 ха земјоделска површина, од која 663.526 ха или 51% е обработлива површина и 634.209 ха или 49% се ливади и пасишта. Според вертикалната разместеност 44% од обработливите површини се во рамничарско-падинското нодрачје и 56% во ридско-планинското подрачје. Под едногодишни растенија се опфатени 553.050 ха или 83%, додека 110.476 ха или 17% се повеќегодишни насади. Под ХМС за наводнување, од вкупната обработлива површина, близу 123.000, се предвидени за наводнување, но, од нив само 66.000 ха се наводнуваат. Според тоа, со ХМС за наводнување се предвидени да се наводнуваат 21%, а се наводнуваат 10.6%. Досега во Република Македонија се изградени над 90 ХМС за наводнување и во структурата на наводнуваните површини најмногу отпаѓа на житните култури, подеднакво на индустриските и градинарските култури, а најмалку на фуражните (крмните) култури п останатите култури. Вода за наводнување се обезбедува од акумулациите, водотеците, подземните води и сл. Системите за наводнување главно се релативно сложени и комплексни објекти со големо влијание во развојот на аграрниот простор, односно вршат измена на нивната непосредна и подалечна околина. Трошоците за управување, работење и одржување на ХМС (зафаќање, складирање, транспорт и дистрибуција) до крајниот корисник, се покривааг, главно, од водниот надомест, од водокорисниците. Меѓутоа, проблемите кои ги истакнуваат водокорисниците на системите се дека количествата на вода ненавремено и недоволно се испорачуваат, потоа, како проблем се истакнува немањето соодветна опрема за поефикасно наводнување на обработливите површини, високата цена на водниот надомест, немањето пазар за земјоделските производи, ниската откупна цена и сл. Ненавременото подмирување на водниот надомест е последица и од родот и неговиот пласман.

7

8. ЗАКЛУЧОК

Климатските услови кон владеат на локациите на системите за наводнување се во врска со потребите од вода за културите. Потребните количини вода за земјоделските култури се утврдуваат врз основа на климатските показатели, а покажуваат со помош на хидролошкиот биланс на одредено подрачје. Од гледиште на обезбеденоста на културите со вода, од сите климатски фактори најголемо значење има висината и распоредот на врнежите и температурите. Глобалните промени во последните децении се карактеризираат со сѐ поиразени промени на времето и климата. Метеоролошко-климатските измени на Земјата, според големината и интензитетот, имаат различни манифестации како сушата во 70-тите и 90-тите години во Европа, монсунските влијанија во промената на климата во Азија, продирањето на поларните ветрови во сѐ појужните делови на Америка итн. Ваквите промени имаат значително влијание врз водостопанството, земјоделството, шумарството, сообраќајот, туризмот итн. Република Македонија е подрачје во кое присутноста на сушите е честа појава (високи температури, а минимум врнежи), што наложува потреба од примена на агротехнички мерки - наводнување кое претставува најефикасен метод во борбата против сушата. Наводнувањето се дефинира како една од хидротехничките мерки со која вештачки се доведува вода во земјиштето во сушните периоди од годината кога недостасува во вегетацискиот период на земјоделските култури.

ЛИТЕРАТУРА

[1] Диниќ Ј: Проблеми на агроклиматското реонирање во СРМ. Географски разгледи, кн. 20. Скопје, 1982.
[2] Зиков М. Клима и климатска регионализација во Република Македонија, Географски разгледи, кн. 30.
Скопје, 1995.
[3] Зиков М., Георгиева М., Бакева В: Дефинирање на границата на средоземноморското климатско влијание
во Република Македонија, Географски разгледи, кн. 31. Скопје, 1996.
[4] Змејковски М. Човекот, водата и животната средина, Скопје: НИП Студентски збор, 2002.
[5] Лазаревски А. Климата во Македонија. Скопје: Култура, 1993.
[6] Ристевски П. Алексовска Н.: Метеоролошки климатски карактеристики во летото 2000 година. Скопје:
Македонско водостопанство, септември 2000.

ТРУДОТ Е ПРЕЗЕНТИРАН И ОБЈАВЕН НА 58. МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ОДДРЖАНА ОД 8.06. ДО 11.06.2023

ТРУДОТ Е ОРИГИНАЛНО ОБЈАВЕН НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК НА KNOWLEDGE VOL. 58 - BUDVA, MONTENEGRO, 41 International Scientific Conference, 08-11.06.2023
58th edition of KNOWLEDGE - International Journal, with:
- DOI number,
- published ONLINE on ikm.mk/ojs/index.php/KIJ/issue/archive and included in:
- EBSCO Host, Data Base Business Source
- WorldCat
- Index Copernicus ICV 2021: 76.06
- EuroPub
- CEEOL
- Scilit
- Global Impact Factor

Автор: проф. м-р Васко Лазаревски
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.