Полог преставува котлина која се наоѓа помеѓу Шар Планина, Буковиќ, Сува Гора и Жеден. Вкупната површина на Полошкиот регион изнесува 1.475 км/2 и се наоѓа на надморска височина помеѓу 300 и 2.747 км2. Полошката котлина се протега во правец североисток југозапад, а се дели на Горен Полог (околу 718 км/2- 45%) и Долен Полог (околу 855 км/2 -55%).

Границата меѓу нив ја прави Боговинска река лева притока на Вардар. Средиште на Горни Полог е Гостивар, додека центар во Долни Полог е Тетово.
Полошката котлина има голема густина на населеност која изнесува повеќе од 200 жители на 1км2. Со густина од 200 жители на 1км2 таа е една од најгусто населението котлина во Р.Македонија. Површината на рамниот дел на котлината изнесува 373 км/2. Ако се анализира рамниот дел тогаш тој се наоѓа на надморска висина од 400 до 600 метри.
Туристички гледано полошкиот регион изобилува со природни и културно историски атракции кои се основа за голем број туристички содржини, наменети за различни целни групи. Полошката котлина има што да понуди како интересно туристичко место во Република Македонија . Котлината е обиколена со изразито високи планини, располага и со голем број културно историски локалитети, духовни и сакрални објекти, живи обичаи, традиционални занаети, локална традиционална храна и други туристички вредности.

slika 2

Затоа доколку се наоѓате во близина во полошката котлина не пропуштајте да ги посетите стариот дел на Тетово, Тетовското кале, Лешочкиот манастир, Шарената Џамија со Амамот, Арабати баба теќето, Камењанските водопади, Бањиче - изворот на реката Пена, Вратничко езеро, Шар планина со Попова Шапка, Лешница Јелак, Три Води, Љуботен, Маздрача итн.
Доколку патот ве донесе во Горен Полог-Гостивар, првиот град на реката Вардар има што да ви понуди. Гостиварчани се најгостопримливите луѓе во нашата земја и ќе направат се да се чуствувате пријатно во нивниот град.
Главниот симбол на градот Гостивар е саат кулата. Гостивар нуди можност да уживате во убавините на старата архитектура како што се Беговата куќа, куќата на Ахмед Чако, Медресето, Саат кулата, или Успение на Света Богородица. Со секоја градба се испреплетени многу легенди и приказни.

slika 3
Гостивар е место каде може да вкусите најубава традиционална храна но и познатата гостиварска баклава и боза. Кејот на реката Вардар е одлично место за прошетка и рекреација. Во централниот дел на градот со сигурност ќе ви го задржи вниманието црквата Света Богородица и Медресето со саат кулата кои потекнуваат од османлискиот период.
Доколку времето ви дозволува подолг престој, тогаш одличен место за посета е солото Вруток каде се наоѓаат изворите на нашата најголема река. Вруток е идеално место да се проба квалитетна речна пастрмка која може да се вкуси во некои од многуте ресторани во непосредна близина на самите извори на реката Вардар. Манастир Св Преображение Христово населба Циглана.

slika 4

Манастир Св Преображение Христово населба Циглана

За љубителите на чистиот планински воздух и убави панорамски пејсажи може да се доживеат во селото Долно Јеловце. Долно Јеловце располага со убави селска црква и манастир, за гостите има етно ресторан, кои во одличена атмосфера може да се ужива во прекрасниот амбиент. Во околината на Гостивар се наоѓа една од најубавите пештерата во Р.Македонија. Станува збор за пештерата убавица лоцирана на планината Буковиќ до селото Ѓоновица.
Пештерата е мошне атрактивна во нејзи се среќават пештерски украси и подземен водопад кои нудат незаборавно искуство од ваков тип.
Несомнено е дека полошкиот регион е полн со интересни места, се надевам дека ова е добра причина да одвоите еден ден во неделата и да посетите некои од многуте убавините со кои располага полошкиот регион.

Автор на текстот и фотографиите:
  Професор Оносимоски Дарко