Националниот парк Пелистер преставува подрачје кое располага со исклучителни природни вредности и затоа паркот има големо национално значење. Меѓутоа скоро сите национални паркови во светот имаат многу поголемо значење од националното т.е преставуваат простори кои во зависност од својата функција го предизвикуваат интересот на поситителите од целиот свет.

Националниот парк Пелистер преставува таква категорија која по својата комплексност, ги поседува сите атрактивни атрибути на природата, почнувајќи од рекреативниот, естетскиот и куриозитетниот атрактивности а во некои од нив се наоѓаат антропогени атрактивности. Сите овие атрибути преставуваат категорија на вредности кои се предмет на проучување и интерес на различни категории на истражувачи на природата и голем број туристи.
Најголемата потреба за да ги заштити поедини простори на земјината топка од сопствената агресија човекот почуствувал со почетоците на индустриската револуција кога многу природни добра се ставиле во функција на индустријата. Во тој период , интензивната урбанизација, како и загадувањето на животната средина, во човекот го потикнале основниот инстикт за загрозеност на видот , па тој почнал интензивно да размислува за неговата потреба од такви места кои ќе ги стави под заштита од сопствената неконтролирана дејност , односно за простори за кои ќе се грижи да си ја задржи својата првобитна структура на изгледот
Националниот парк Пелистер го зафаќа поглемиот простор од врвот “Пелистер” и високопланинскиот дел на Баба планина.
Националниот Парк Пелистер зафаќа површина од 17.150 хектари - надморска височина од 927 до 2601 m. Максимална должина на паркот по воздушна линија во правец северозапад-југ односно од Ѓавато до Бојаџиев врв (2329 м) изнесува 25 км. Максимална широчина на паркот во правец запад исток изнесува 15 км.
Изобилува со уникатни природни богатства и претставува дом на ретки и ендемични животински и растителни видови.
За да се видат и доживеат сите убавини на планината Баба и Пелистер, на располагање стојат бројни пешачки патеки: Детската, Историската, по Камењарот...Не ви е потребна посебна физичка кондиција, туку само добра волја.
Заштитен знак на Пелистер се бистрите изворски води во кои ќе ја забележите пелистерската и пелагониската пастрмка, водопадите, и планинските езера, неколку сезонски и двете леднички – Големо и Мало езеро, познати уште како и Пелистерски Очи.
Националниот парк е уреден во неколку зони, со кои се контролираат активностите во различните делови на паркот.

Во националниот парк пелистер разликуваме три посебни зона и тоа:
a. Строги заштититена зона (1523 хе)
b. Тиристичко рекреативна зона ( Голема ливда- 589 хе; Нижеполе-1782 хе)
c. Малиоративна зона (6.976 хе)

Пелситер преставува топ туристичка дестинација во овој дел на Европа. Пелистер нуди навистина прекрасни и незаборавни доживување. За љубителите на планинарењето, зимските спортови, прекрасните природни пејсажи и чиста еколошка средина ова е вистинска дестинација.

02
Глацијалните релјефни форми како што се цирковите флувијалните облици како што се камените реки го привлекуваат интересот на голем број посетители.
Зачетоците на туризмот и рекреативните активности на Баба Планина и Пелистер се забележливи уште на почетокот од минатиот век.
Денес Националниот парк Пелистер претставува важна дестинација за рекреативците и другите туристи од пелагонискиот регионот и државата, но исто така и соседните земји, особено Албанија и Грција. Бројните излетнички места (над 50) и планинарски патеки уредени од страна на управата на Паркот привлекуваат илјадници посетители преку целата година.
Сепак, најбројни се оние од Битола за кои паркот е важен дел од нивниот идентитет. Иако не постојат прецизни податоци за бројот на посетители во Паркот, проценките укажуваат на тоа дека нивниот број е значително поголем на пролет и во летната сезона, во текот навикендите и државните празници како и во текот на собирањето на шумски плодовив(диво овошје и печурки). Голем број на посетители се среќаваат и за време на зимската сезона, но главно околу скијачките терени на Копанки - Бегова Чешма. 

Најпосетени места во Паркот се:

• Планинарскиот дом на Копанки
• Детското одморалиште
• хотел„Молика“
• скијачкиот центар на Бегова Чешма
• Излетничкото место Голема Ливада

Врската на хотелот и скијачките капацитети е проследен со современ асфалтен пат во должина од 12 км до градот Битола.
Комплетната инфраструктура на Жичарницата, Ски-стазата, и Ски-лифтот заедно со Планинарскиот дом Копанки се наоѓаат покрај хотелот на почетна надморска височина од 1420 метри каде што е почетокот на жичарницата, 1610 метри локацијата на планинарскиот дом Копанки и стратот на Ски стазата на надморска висина од 1800 метри. Самата местоположба на сите капацитети нуди прекрасен видик на 1/3 од Република Македонија.
Непосредната близина на сите капацитети ја прави комплетната туристичка понуда за сите категории на гости и посетители, имајќи можност да престојуваат во најатрактивната туристичко рекреативна зона во Националниот парк Пелистер , и да добијат секакви информации за целокупната инфраструктура во овој дел на Пелистер од страна на Информативниот центар во состав на Јавната Установа Националниот парк Пелистер која се грижи и стопанисува со природните убавини и маркетинг секторот во хотелот Молика.

03

Според евиденцијата во изминатите години на Пелистер поминале или престојувале околу 33 – 35.000 посетители. Воглавно тоа се посетители од нашата држава и особено од Битола и околината, но околу 15 % од нив се странски туристи кои најмногу го посетуваат Пелистер за време на летната сезона. Претежно се тоа туристи од: Холандија, Израел, Германија, Италија, Полска, Чешка, а од минатата година и туристи од Финска. Доста голем е бројот на посетители од Австралија, Америка и Канада (добар дел од нив се наши иселеници кои го посетуваат родниот крај), како и посетители од Албанија, Грција, Бугарија, Србија, Словенија, Хрватска.
Безброј планинарски патеки со сигурни маркации што змијулесто се искачуваат по вертикалите на Пелистер, испреплетени низ густежот на моликовата шума и проткаени со темни зеленила и дебели сенки, се вистинскиот предизвик за планинарски и за рекреативни тури на овој планински убавец.
Во националниот парк има маркирани патеки организирани од националниот парк во зависност од инетерсот му овозможуваат на посетителот да ги откријат природните вредности и убавини на Паркот на посетителите тука може да одберат која патека ќе ја следат.
Детската патекаводи од Детското одсморалиште до месноста Голема ливада и првенствено е наменета за деца со цел да се запознаат со основните карактеристики на флората и фауната. Вдолж патеката се поставени едукативни табли со слики и текстови прилагодени на возраста на учениците од основното образование. Како интегрален дел на патеката е и училницата на отворено која овозможува држење настава во природа.
Патека за првата светска војна или историската патека - Тука имаме историографски податоци за околината. По оваа патека се реконструрани ровови, мостови, топовски позиции, команден штаб и каде има поставени табли со изобилство на информации од првата светска војна, која на ова подрачје оставила многу траги.
Патека на камењарот – е едукативна патека, којашто ги води посетителите на Националниот Парк Пелистер низ еден мошне атрактивен простор исполнет со разновидни природни убавини. По должината на патеката се среќаваат пространи шуми од молика, ретка и ендемична флора и разни видови на релјефни облици.
Археолошка патека - Археолошките знаменитости на НПП по своето значење не заостануваат зад природните. Кој би сакал да зачекори по зачуваните делници од славната Виа Игнација, токму по овој дел од патот поминале римски легии, византиски цареви, витези.На ова подрчје постоел живот многу оддамна тоа го потврдуваат големиот број археолошки наоѓалишта кои му припаѓаат на населбите од железното доба и средновековниот период кои се во непосредна близина на паркот, со тоа се зголемува туристичката понуда на ова заштитено подрчје. Убавината и мистичноста на прошетката низ паркот лежи во скриеноста во сведоштвата од минатото.
Коњичка патека - Оваа патека е обележана со знаци во должина од 5 км каде стартот започнува од село Меловиште и по кружен тек со коњи е предвидена прошетка низ овој дел од националниот парк.
Патека на верски објекти - прошетка низ верските сакрални објекти Патеките даваат можност за посета на организирани групи за запознавање на природата, посебно за деца со стручен водич. Може да се организираат летни школи во природа и поучно јавање.Целта на овие патеки е да се промовира здравиот живот во природата и пешачењето, запознавање на природните и културните богатства како и развивање на еколошка свест за важноста на зачувување на животната средина.

04
Сведоци сме дека денес живееме во време на брз динамичен растеж на урбаните центри и инудустриските капацитети, поради тоа од голема важност е да ја разбереме потребата за заштита на природните добра а посебно заштитата на одредени специфични простори во нашата земја. Имајќи го тоа во предвид Националниот парк „Пелистер” мора интензивно да се грижи за природниот и културниот капитал. Ова скриено благо распрстрането на Балканскиот полуостров благодарение на биолошките карактеристики, естетските карактеристики и куриозитетните специфичности допрва треба да биде откриено како атрактивна и привлечна дестинација за пошироката јавност. Тимот кој го менаџира националниот парк стои пред сериозен предизвик во иднина да биде доистражуван во целост биодиверзитетот и геодиверзитетот (неживата природа) во националниот парк , но и да ги валоризира веќе откриените ендемити кој го прават овој парк еден и единствен на Балканот и пошироко.

https://bitola.info/mk/bitola-macedonia/
www.meridijani.blogspot.mk 
https://www.hotelmolika.com.mk/nacionalen-park-pelister/

 

Автор:
Професор Оносимоски Дарко