ДЕМОГРАФСКИ И СТОПАНСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

Демографски карактеристки

Селото Вељуса представува голема населба која што во главно ја сочинува македонско население. Инаку населението претставува мешавина во однос на доселувањето од различните краеви. Меѓутоа, во текот на заедничниот живот, населението постепено се изедначува по начинот на живот, обичаите и др.

Се до 1957 година во селото живеело и турско население, кое со послабо изразени миграции се вратиле во Турција. Во овој период околу 70 куќи биле испразнети, а подоцна заземени од македонско население кое се доселило од околните краеви.

Табела 1. Бројно движење на населението во с.Вељуса

04

Републички завод за статистики, Скопје

Попис на населението 1953, 1961, 1981, 1991, 1994 година 

Вељуса представува населба чиј број на жители од попис до попис расте минимално, без некои поголеми промени. Во 1953 година населението броело 1790 жители, но поради иселувањето на Турците бројот се намалил на 1530 жители во 1961 година. Потоа, бројот на жителите постепено се зголемувал. Со последниот попис во 1994 година е утврдено дека селото во овој период брои најмногу жители во однос на изминатите периоди.
Во поглед на половата структура во пописните години преовладува женското над машкото население, но со релетивна мала разлика.

Табела 2. Население по полова структура во с.Вељуса

05
Републички завод за статистика, Скопје

Попис на населението 1981, 1991, 1994 година

Бројот на женското население е незначително поголем од машкото, поради слабо изразените миграции на машкото население во поразвиените земји во Западна Европа. Селото Вељуса според пописот во 1994 година брои 1870 жители. Поради релативно право пропорционалното движење на наталитетот и морталитетот и незабележливите миграции селото си го оддржува бројот на населението со незабележливи промени.

Табела 3. Број на домакинства во с. Вељуса
06

Републички завод за статистики, Скопје
Попис на населението 1981, 1991, 1994 година

Географско историски развој на селото
На местото на денешното село Вељуса порано не постоела никаква населба, освен еден манастир кој датира од 13 век. Најстарите податоци укажуваат дека селото порано било сместено во местото Селиште. Но, поради големиот број змии кои ги напаѓале селаните и поради недостатокот со вода, тие биле принудени да се селат на север. Втората локација на селото било местото Чифлик, каде селаните се доселиле поради огромното количество вода и плодното земјиште. Но, пред крајот на турското владеење селото се подместило уште понасевер се до манастирот „Света Богородица Елеуса“, според кој го добило името Вељуса. Манастирот бил од големо значење за селаните поради заштитата и помошта што ја добивале од тогашните монаси. Со завршувањето на турското владеење во с. Вељуса останале да живеат околу 70 турски семејства. Но подоцна, во 1957 година тие се иселиле и во нивните куќи се доселило население од околните села, најмногу поради менастирот кој е од големо културно-историско значење. Денес се зачувани и некои стари грдби на куќи или бунари, кои се наоѓаат во близина на манастирот.

Стопанско географски одлики
Од дејностите кои се вршат во селото најзастапено е земјоделството. За земјоделството во село Вељуса може да се каже дека постепено премнува од екстензивен во интенсивен карактер. На атарот, кој што зазема површина од 26,9 км² доминира обработливото земјиште од 909,6 хектари, па затоа селото има полјоделска функција. Меѓутоа, од друга стана пак, приносите се далеку поголеми кога се во прашање современите агротехнички мерки. Од полјоделските култури кои што се произведуваат во селото најзастапени се житните култури, од кои најмногу пченката, па потоа пченицата и јачменот. Пченицата се користи за производство на домашен леб, додека пченката и јачменот како храна за сточарството. Од другите полјоделски култури тука се застапени и пиперката, доматот, кромид и друго. Овие производи се користат за исхрана на населението, додека вишокот од нив се носи на зеленот пазар во Струмица. Ова нешто влијае на економската состојба на жителите, затоа што, овие производи поради релативната близина со градот и намелените патни трошоци се среќаваат како поевтини на пазарот.
Во поглед на развиеноста на овоштарството и лозарството, може да се каже дека, тие се развиени и се претставени со поголеи индиивидуални површини. Исто така, големи површини се насадени со јаболка, ореви, цреши, бадеми и друго, а исто така, скоро секое домаќинство одгледува лозје.
Занаечиството во селото е слабо развиено затоа што со занаетчиски производи оваа село се снабдува од околните места. Тоа е претставено со една ковачка работилница и еден шивач. Исто така, во селото се наоѓа и млин за мелење жито, па така бидејќи млинот е поголем тука доагаат и жители од другите околни села да ги мелат своите жита.

Современ функционален равој
Споредувајки ја инфраструктурата на селото Вељуса со другите околни села, може да се каже дека таа е на повисоко ниво. Во селото постои водоводна мрежа, изградена во 1973. Таа е долга 9 км со 410 приклучоци.
Изградена е и локална мини акомулација во 1967 која наводнува околу 7000 ха. Исто така постојат и планови за изградба на канализациона мрежа.
Во селото е изградена пошта во 1952 година со 350 приклучоци. Од образовните институции во селото постои четиригодишно, а нешто подоцна е отворено и деветгодишно основно училиште. Четиригодишното училиште постои од 1956 година со околу 12 вработени наставници, кои доаѓаат од Струмица и селото Сикирник. Наставата се одвива во четири паралелки, односно за секое оделение по една паралелка. Така, во прво оделение има 17 ученици, во второ оделение се запишани 18, во трето оделение учат 22, а во четврто учат 24 ученици, или вкупно 88. Во оваа училиште следат настава и ученици од соседните села Водоча и Седларци.

ou goce delcev

О.О.У Гоце Делчев, с. Вељуса

Деветгодишното училиште постои од 1973 година со вкупно 20 вработени. Овде следат настава 120 ученици во 16 паралелки. Во склоп на училиштето има училишна кујна и библиотека со 7000 книги фонт.
Во село Вељуса постои кино и Дом на културата кои привремено не работат. Здравствениот дом во селото е отворен во 1983 година и во него постојано се вработени еден општ лекар и две медицински сестри. Во овој здравствен дом се извршуваат само општи здравствени прегледи.

golema bogorodica

Св. Голема Богородица, с. Вељуса

Од религиозните објекти постои црквата Света Голема Богородица, која е градена од 1924 до 1926 година, а е реконструирана во 1989 година. Но, од многу големо значење за селото е манастирот Света Богородица Елеуса. Самата црква претставува угледна ликовно-архитектонска градба, не само во историјата на средновековното гадителство, туку и пошироко во историјата. Монашкиот живот многу време беше запоставен, но повторно заживеа во 1995 година. Денес во Вељушкиот манастир има 14 монахињи. Манастирот има сопствена економија. Во манастирската млекара монахињите произведуваат високо квалитетни производи од кравјо млеко. Освен ова, манастирот разви и своја издавачка дејност, така што досега се објавени околу 20 наслови. Дел од сестринството разви високо дострелна иконописна школа, која изработува и фрески, кои го следат византискиот стил на македонската школа.
Од другите установи во селото, присутен е и таканаречен селски дом, чија улога денес е занемарена. Во тие простории денес е отворена земјоделската задруга.

bogorodica eleusa

Манастир Св. Богородица Елеуса, с. Вељуса

Селото Вељуса претставува развиена рурална населба, која од својот постанок па се до денес расте по бројот на жителите и по површината. Тоа се должини на поволната местоположба, која што овозможува ширење на селото. За разлика од некои околни села, процесот на осовременување е доста изразит. Во земјоделието се повеќе се напушта стариот начин на обработка на земјата, а се применуваат нови мерки во процесот на производството. Во поглед на инфраструктурата селото тежнее кон воведување на сите елементи неопходни за подобрување на животот на луѓето.

Користена литература:

Јанчев К. (1980), „Историјат на с.Вељуса“, Струмица

Лазаревски А., (1993), „Климата во Македонија“

Пепек (1979) АКТА, Вељуса

Републички завод за статистика Скопје

Изработил:

Мирослав Велковски

Дипл. професор по Географија во ООУ.Јордан Хаџи Константинов - ЏИНОТ, Велес

(сопствено теренско истражување во 2006 година, по предметот Географија на населби)