Сашко Стефановски и неговата љубов кон фотографијата

Професорите по географите покрај своето главно и егзистенционално занимање – настава по географија и едукација на децата, имаат интересни хобија преку кои ја изразуваат својата креативност и духовно исполнување.

Колегата Сашко Стефановски, познат по своите интересни и интерактивни часови, секој дел од своето слободно време ѝ посветува на добрата фотографија со географски мотиви. Неразделен од својот апарат, убавините на прекрасните предели на Македонија ги доловува преку добрата фотографија. Преку едно од своите хобија, визуелно ја компонира во приказна географијата и уметноста како две науки кои имаат нераскинлива врска. Невозможно е да помислиме на било која точка на планетата, а истата да не ја визуелизираме. Навистина, мора да е прекрасно, просторот кој го овековечувте во исто време и да го доживеете. Несомнено, не може точно да се одреди, дали љубовта кон фотографијата како уметност или љубовта кон планинарењето е поголема кога се работи за овој наш колега.
Можеби и не е чудно со каква леснотија излегува добрата фотографија, кога зад објективот стои еден географ, кој преку фотографија ѝм испраќа добра порака на младите, на оние кои ги образува и воспитува.

Валентина Фидановска
Професор по географија

Досие Сашко Стефановски

Солунска Глава

Рила, Мусала 2011 година