ПРИРОДНО-ГЕОГРАФСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

Населбата Вељуса се наоѓа на северозападниот дел од територијата на општина Струмица. Атарот на селото се издига на југоисточната падина на планината Смрдешник, каде што се граничи со просторот на општина Василево.

Вељуса претставува развиен рурален центар. Населбата е ридеста на надморска височина од 360 метри. Од централното место Струмица е одалечено 11 км. Селото има голем атар, кој што зафака простор од 26.9 км². На него преовладуваат шумите, на површина од 1 615,5 хектари, на обработливо замјиште отпаѓаат 909.6, а на пасишта 101.9 хектари. Во однос на земјоделството, селото има полјоделско - шумарска функција. Во него работи осумгодишно училиште, има амбуланта, пошта, земјоделска задруга, дом на културата, урбанистички план и др. Како поважни обележја се сметаат споменикот за загинатите борци во НОБ и бистата на Гоце Делчев, во училишниот двор на истоименото Основно Училиште.
Во Вељуса постои еден мошне значаен манастир со богата историја. Тоа е манастирот света Богородица Елеуса, а бил изграден од еден струмички епископ уште во 1080 година. Во средината на 13 век, во него имало 23 монаси и богата библиотека. Во 1913 година бил опожарен, но денес е сочуван и добро конзервиран.
Вељуса е голема населба, со големо варирање на бројот на населението. Во 1961 селото броело 1.825 жители, од кои 1718 - македонци и 102 турци, додека во 1994, бројот на македонското население се намалил на 1577 жители. Денес селото брои 1870 жители, само македонско население.

 

ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И СООБРАЌАЈНА ПОВРЗАНОСТ

Селото Вељуса се наоѓа во северниот дел на општината Струмица. Неговата оддалеченост од градот изнесува 9 км одејќи во северен правец. Атарот на селото зафаќа простор од 11 км и спаѓа во редот на поголемите селски населби во околината. Околни населени места се Водоча, Баница, Градашорци и Ангелци. Земајќи ги во предвид околните населби, во однос на нив Вељуса има понеповолна географска положба. Тоа е затоа што не претставува раскрсница од која се оди во другите соседни села.
Во однос со сообраќајната поврзаност, селото и градот ги поврзува асфалтен пат изграден 1957 година. На овој пат лежат и населбите Баница и Водоча што ги прави овие три населби посебно поврзани, а во однос на другите села, таа поврзаност е послаба затоа што е претставена со обичен колски пат. Поради релативно малата оддалеченост од Струмица голем број од населението во градот патуваат со сопствени автомобили. Исто така постојат и редовни автобуски линии на АД Струмица Експрес, што е олеснителна околност на жителите од ова место.

Природно - географски карактеристики

Геолошки и тектонски состав

Геолошкиот состав на селото Вељуса е доста сложен. Оваа населба заедно со целата Струмичка котлина спаѓа во Родопската Зона. Таа се протега од Беласица на југ па се до Југословенското - Бугарската граница на север. Во рамките на оваа област, поточно во нејзината геолошка градба учествуваат карпи со различна старост од преткамбриумот па се до квартарот. Карпите кои го чинат геолошкиот состав на с.Вељуса генерално се формирани пред Палеозојскиот период, но сеуште не е утврдено дали се со архајска или алгонкинска старост. По старите карпи на оваа територија потекнуваат од пред Палеозојскиот и Предпалеозојскиот период. Според петрографскиот состав најмногу се јавуваат гнајсеви, микашисти и различни шкрилци.
На територијата на село Вељуса лежат и неогени седименти, кои се пронајдени во поново време. Неогените елементи овде лежат под квартарните наслаги, и се представени со лапоресто - глинести и глинесто песокливи - елементи.

Релјефни карактеристики

Селото Вељуса, лежи во падините на Планината Смрдешник, која заедно со Планината Белесица спаѓа во Родопската Зона. Оваа маса од своето настанување, односно од карбонското набирање, па се до радијалните движења во Неогенот претставувала едно пошироко копно, на кое подоцна се одвивале ерозивни процеси кои ги создале флувијалните рамништа. Во подоцнешниот период Родопското копно било распарчено така што едни делови пропаднале, а други се издигнале, при што се создале котлини и хорстови. Како еден од тие хорстови се јавува и планиснскиот масив Беласица. Оваа планина има типичен правец на протегање исток - запад. Селото Вељуса заедно со својот атар лежи во источниот дел од планината. Се карактеризира со рамнински релјеф со присуство на мали долини и мали ридчести возвишенија. Возвишенијата најмногу се јавуваат во горните полиња поради нанесениот еродиран материјал.

Климатски карактеристики

Температура на воздухот

Поради релативната близина со градот Струмица, климата во с.Вељуса би имала сличен карактер. Котлината на исток е отворена кон реката Струма, и Струмица, а на југ е заштитена од Планината Беласица што условува зимските месеци да бидат со релативни ниски температури, а летните со високи температурни амплитуди. Просечна годишна температура во с.Вељуса изнесува 13 °С. По месеци најтопол месец е јули просечно со 32, 8 °С, а најнискиот е јануари, просечно 1,6 °С. Најниска средна јануарска температура е измерена 1963 година и тоа -2,5 °С. Пониска температура од 0 °С за месец јануари може да се очекува на 5 години еднаш.

Табела 1: Просечна месечна и годишна температура на воздухот во с.Вељуса од 1951 до 1980 година

2015 12 01 145331
Лазаревски А., (1993), „Климата во Македонија“

Есента е многу потопла од пролета, мецец септември во овој регион е за 15 °С потопол од мај, а октомври за 0,3 °С потопол од април. Просечната годишна максимална температура изнесува 18,9 °С а минималната 6,5 °С.
Вредноста на топлотниот режим во Струмичкото Поле се манефистира и со зачестеноста на летните и тропските денови. Просечно годишно се јавуваат 124 летни и 57 тропски денови.
Температурата на почвата се мери на мериниот пункт во Струмица на длабочина од 2 до 100 см. На сите длабочини почвената температура има изразен годишен од и тоа од јануари до месец јули се зголемува, а потоа кон месец декември нешто побргу се намалува. Таа се зголемува од месец јануари до јули на длабочината до 30 см, до август на длабочините од 30 до 50 см а на поголемите длабочини зголемувањето на температурата е до месец септември. Најниската тепмература е во месец јануари и тоа 2,3°С а највисоката во месец јули 27,4 °С. Просечното годишно температурно колебање на почвената површина изнесува 25,1°С и е за 2,9 поголема од истото на воздухот.

Врнежи

Подрачјето на Струмица се одлинува со многу повеке врнежи од Овче Поле и од Тиквешкото подрачје, а помалку од Валандовското и Дојранското подрачје. Просечната годишна сума на врнежи изнесува 603 мм, но во поедини години таа се менува и одстапува од просекот во граници од 386 мм во 1977 година до 789 мм во 1954 година. По месеци врнежите се доста нерамномерно распоредени. Главниот максимум доминира во месец ноември со просечна месечна сума од 74,5 мм а секундарниот во месец мај со просечно 66,6 мм. Врнежите се доста променлива величина која се разликува од месец во месец. По сезони во с.Вељуса најврнежлива е есента поради најврнежливиот месец ноември пролета е поврнежлива од зимата поради врнежливиот месец мај а со најмалку врнежи има во текот на летото.

Табела 2. Просечен месечен и годишен број на денови со врнежи во с.Вељуса од 1951 до 1975 година

2015 12 01 145420
Лазаревски А., (1993), „Климата во Македонија“

Врнежите во оваа подрачје се главно во вид на дожд а во зимските месеци во вид на снег, односно 90 % се од дожд а само 10 % од снег. Врнежите со снег се јавуваат од месец ноевмри до карјот на месец март. Просечно годишно на оваа подрачје има 13 дена со снежен покривач со максимум во месец февруари.
Атарот околу с.Вељуса се одликува со зголемена зачестеност на сушните периоди и тоа во летните и есенските месеци. Во оваа подрачје најдолготраен сушен период изнесува 87 денови и тоа во 1956 година, односно од 14 јули до 8 октомври. Потоа со 76 сушни денови во 1961 година и сушен период од 70 дена во 1965 година. Просечната годишна облачност изнесува 4,6 десетинки. Најоблачен е јануари просечно со 6,3 десетинки, а потоа декември со 5,9 десетинки. Просечно годишно се јавуваат 117 ведри денови а 83 тмурни.
Ветерови
Во околината на с.Вељуса се јавуваат ветрови од сите осум светски страни, но со најголема зачестеност се ветровите од северозападен правец потоа од југозападниот, јужниот а, со значителна зачестеност се и ветровите од западниот и северниот правец.

Табела 3. Просечна годишна зачестеност на ветерот во (‰) промили од осум правци во с.Вељуса
2015 12 22 170508

Лазаревски А., (1993), „Климата во Македонија“

Просечната годишна зачестеност на северозападниот ветер е 167 (‰) промили. Тој дува со изедначена зачестеност во сите месеци од годината. Југозападниот ветер е со просечна годишна зачестеност од 95 (‰) промили, а јужниот ветер со 88 (‰) промили. Северниот и западниот ветер се со приближно еднаква зачестеност односно северниот со 77 (‰) промили а западниот со 75 (‰) промили. Југоисточниот ветер е со значителна поголема зачестеност од североисточниот со просечно годишно 64 (‰) промили, а источниот ветер е со помала зачестеност од југоисточниот, но со значителна поголема од североисточниот. Просечната годишна зачестеност му изнесува 51 (‰) промил.
Струмичката котлина се одликува и со ветрови од локален карактер, кои се последица на нееднаквото загревање на воздухот во котлината и околните планини. Тие се најчести во летните месеци, при антициклоналната временска ситуација и преку денот дуваат од котлината кон околните планини а преку ноќта од обратно.

Хидрографски карактеристики

Водата, како за Стумичкиот крај, така и за с.Вељуса има големо значење за животот и дејноста на човекот и опстанокот на растителниот и животинскиот свет. Атарот на с.Вељуса заедно со Струмичката котлина спаѓа во Повардарсо Струмичкиот хидролошки регион кој е карактеристичен со сиромашност со вода. Пресудно значење за селаните имала браната Водоча на само 4 км оддалеченост од селото. Браната е изградена во сливот на реките Водоча и Тркајна. Уште од 1966 год сите хидролошки потреби на селаните се задоволуваат со оваа брана преку специјално изграден систем за наводнување. Браната Водоча е широка 600 метри со најголема длабочина од 42 метри. Зафака површина од 1,9 км 2 со зафатнина од 26,7 милиони м3 вода. Во селото постојат и некои мали извори со вода кои немаат многу големо значење. Така, над селото на патот кон планината Смрдешник се наоѓа мало изворче со релативно мало количество на вода. Овој извор е карактеристичен по црвените карпи кои се наогаат околу него и затоа е наречен Црвенец. Исто така во селото постои и селска чешма која служи за напојување на добитокот или во одредени случаеви и за домашните потреби. Таа е изградена во 1950 година од страна на туркото население кое живеело на овој простор во тоа време и затоа е наречена Турска Чешма.

02

Извор Црвенец

03

Турска чешма

Во селото се срекаваат и други нетолки значајни изворчиња со релативно мало количество на вода. Во некои од постарите куќи се срекаваат и индивидуални бунари, кои денес немаат никаква применост, иако се снабдени со вода преку целата година. Значењето на бунарите е занемарливо поради изградбата на водоводната мрежа во 1973 година. Таа е долга 9 км со 410 приклучоци.

Педолошки карактеристики

Карактеристично за селото е тоа што представува непошумен терен односно голина. Се срекаваат парчиња од карпести маси кои што се еродирани и негативно влијаат врз развојот на земјоделството и сточарството. Од почвите во овој регион се срекаваат алувијалните, хумусно - силикатните, силикатно - карбонатниот сирозен и хидроморфните. Алувијалните почви се срекаваат во најниските делови во селото. Овие почви се одликуваат со доволна количина на хранливи материи и спагаат во редот на плодни почви. На овие почви најмногу успеваат градинарските култури, овошните насади пченка, граф и др. Хумусно - силикатните почви се срекаваат во контактната ридско долинска зона. Воедно овие почви се и најзастапени во селото. Продуктивноста им е на доста високо ниво. Селаните овде одгледуваат најразлични култури почнувајки од житата, тутунот, градинарските култури и лозјата. Како помалку застапени се јавуваат хидроморфните почви, кои се влажнат од подземните или привремено од површинските води. При слабо влажнење се добива ливадска вегитација а при силно, хидрофилна вегетација. Со нивно мелиорирање се добиваат големи површини на плодна почва и играат многу голема улога во развојот на земјоделството.

Користена литература:

Јанчев К. (1980), „Историјат на с.Вељуса“, Струмица

Лазаревски А., (1993), „Климата во Македонија“

Пепек (1979) АКТА, Вељуса

Републички завод за статистика Скопје

Изработил:

Мирослав Велковски

Дипл. професор по Географија во ООУ.Јордан Хаџи Константинов - ЏИНОТ, Велес

(сопствено теренско истражување во 2006 година, по предметот Географија на населби)