Анапурна – Божица на плодноста и една од најопасите планини во светот

Во светот постојат илјадници места кои пленат со својата убавина но и со својата недостижност. Мал е бројот на луѓето кои имале можност да ги почувствуваат тие убавини, нам недостижни освен од фотографиите на оние на кои опасноста ѝм е во втор план или после желбата за авантура, и доживување на чистата природа.

Едни од тие места секако се врвовите на високите планини, кои претставуваат не само највисоки точки на планетата, туку и магични станици на сонувачите за физичко и духовно исполнување, вљубениците во алпинизмот, како и дом на единствени видови на флора и фауна. Тоа се уникатни соништа на луѓе од повеќе области: на алпинистите, геолозите, биолозите или подобро кажано на трагачите по возбуди.
На земјата постојат стотици илјади врвови, но само на две планини можат да се издвојат врвови кои ја надминуваат магичната граница на највисоките врвови над 8 000 метри. Такви се 14 врвови од кои 10 се на Хималаите, а 4 на соседната планина Каракорум. Од хималајските врвови вкупно 8 се на терирорија на Непал. Тоа е низа од планински врвови на границата со Индија и Кина, вклучувајќи го и врвот над сите врвови, Монт Еверест. Овие врвови долго време биле непознаница за луѓето. Но, денес благодарение на најновите достигнувања на науката и технологијата, овие непознаници се лесно достапни, барем преку фотографиите и електронските записи, но пред се и благодарение на луѓето чии соништа биле поголеми од стравовите и ризиците, на луѓето кои целото слободно време ѝ го посветиле на својата главна страст, освојување на планински врвови.

02

Анапурна

Едни од местата кои пленат со својата необична естетика и височина е низата планински врвови Анапурна на кој се наоѓа волшебното и митско место - глечерот Анапурна, во кој се слеваат уште пет други глечери. Целиот масив претставува прва и најголема заштитена зона во Непал и во себе содржи неколку значајни патеки за тренинг, а една од нив е Анапурна круг (Annapurna Circuit).Овие патеки се наоѓаат во извонреден предел со амбиентална убавина со што на секој посетител му овозможува несекојдневна глетка како и гостопеимливост и запознавање со културата на месното население.

03

Трекинг мапа на Анапурна кругот

Нејзиното име потекнува од санскритското име „исполнет со храна“ и кој најчесто се преведува како „Божица на жетвата“, според името на божицата на плодноста и земјоделството во хиндуизмот - Анапурна. Поради големиот број алпинисти кои настрадале при искачувањето, најчесто поради големиот број и честите лавини, Анапурна се смета за најопасна планина во светот.

04

Врвовите на масивот Анапурна

Масивот Анапурна претставува низа од планински врвови и содржи 6 главни врвови над 7 200 метри, од кои највисок е Анапурна 1 и кој во истовреме претставува 10-ти врв во светот. Анапурна 1 се наоѓа во Непал на венецот Хималаи, источно од големиот кањон на реката Кали Гандаки кој што го дели од масивот Даулагири, на надморска височина од 8091 метри (28.595°N 83.819°E). Првиот кој се искачил на врвот Анапурна 1 бил францускиот легендарен алпинист Морис Ерцог (Maurice Herzog), заедно со Луис Лашенал (Louis Lachenal), на 03.06.1950 година. Драматичните и авантуристички перипетии при искачувањето на својата експедиција, Ерцог ги опишал во својата книга „Анапурна“, која претставува бестселер и инспирација за многу алпинисти и не случајно е наречен „супертежок врв“.

05

Анапурна 1

Анапурна 2 се наоѓа на источниот крај од низата планински врвови со висина од 7 937 метри со што претставува 16-ти највисок врв во светот. Тој е потполно самостоен врв, иако е тесно поврзан со Анапурна 1. За прв пат е освоен во 1960 година од страна на британско-индиско-непалски тим, предводен од Џ.О.М. Робертс (James Owen Merion Roberts).

Анапурна 3 е висок 7555 метри, а на листата врвови по височина се наоѓа на 42-то место во светот. За прв пат овој врв е освоен во 1961 година од страна на индиска експедиција предводена од Мохан С. Коли (Mohan Singh Kohli).
Анапурна IV се наоѓа во близина на Анапурна 2 со висина од 7 525 метри и за прв пат освоен е во 1955 година од страна на германска експедиција предводена од Хајнц Штајнмец (Heinz Steinmetz).
Гангапурна е врв висок 7 455 метри и одреден период е идентификуван како Анапурна 3 од кој е одделен со глацијална долина. Првото успешно искачување било во 1965 година од страна на германска експедиција предводена од Гинтер Хаузер (Günther Hauser).
Анапурна Југ е шестиот висок врв на Анапурна масивот со висина од 7 219 метри. Освен под ова име, овој врв е познат и под имињата Анапурна дакшин или Модице, а за прв пат е освоен во 1964 година од страна на јапонски тим алпинисти.
Покрај овие главни врвови, составен дел на Анапурна се и помалку познатите и пониски врвови чија височина се движи помеѓу 6 000 - 7 000 метри.
На овие опасни врвови досега се искажиле 192 експедиции. Еден од нив е Здравко Дејановиќ кој на 24 март 2015 година точно во 14:45 часот по локално време, го развеа македонското знаме на врвот Анапурна 1.

07

Здравко Дејановиќ на Анапурна 1

06 

http://www.8000ers.com/cms/annapurna-i-general-info-186.html
http://www.bbc.com/news/world-asia-29672358
http://web.archive.org/web/20081225145550/http://www.peaklist.org/WWlists/ultras/everest.html
http://www.alpinizam.org/lit/drugi/slovenc/txt.html
http://www.fpsm.org.mk/?p=318
http://images.summitpost.org/original/577798.jpg
http://www.adventurestats.com/tables/Annapurna/ANNAPURNA-MASSIF.jpg