Процесот на следење и оценување на учениците, од секогаш бил еден од главните предизвици на наставниците.

Денес кога живееме во време на континуирани промени во сите сфери на општественото живеење, особено промени кои го следат образовниот процес, наставникот постојано е изложен на барање одговори и решавање на проблемот во врска со објективна мерливост на знаењето. Потребата од објективна мерливост е јасно изразена поради влијанието врз оценката на учениците која индиректно влијае на понатамошната определба и развојот на личниот и професионалниот живот на учениците. Од таму интересот на наставниците за проблематиката во врска со начинот, времето и влијанието на оценувањето за понатамошниот правец на движење на образованието на учениците. Токму овој проблем е еден од интересите на младиот наставник по географија Игор Стојчевски - член на Здружение на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје“, кој користејќи истражувачки методи и техники задира во оваа проблематика и преку сублимиран заклучок дава насоки за понатамошни истражувања и постапки поврзани со влијанието на оценувањето како фактор за учење и професионален развој на учениците.

 

ВЛИЈАНИЕТО НА ОЦЕНУВАЊЕТО КАКО ФАКТОР
ЗА УЧЕЊЕ И ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ
НА УЧЕНИЦИТЕ

Игор Стојчевски

Република Македонија, ОУ „Јоаким Крчовски“- Крива Паланка

Резиме

Во педагошката наука и пракса има многу пишувано и работено за проблематиката на начинот на оценување, времето на оценување, како оценката влијае за понатамошниот правец или насока на движење на образованието на учениците. Меѓутоа науката и праксата не секогаш се поистоветувале и можеле да дадат подршка една на друга. Се остава простор за самостојна проценка на луѓето што работат со децата во зависност од ситуацијата, возраста и други параметри да проценат што е најдобро во дадениот момент. Целта на моето излагање е токму тоа, како наставниците и стручните соработници во училиштата ќе реагираат на новите трендови на образование, односно како ние уште од основното образование ќе им помогнеме на учениците да го трасираат својот образовен пат до нивната идна професија. Во ова мало истржување кое го спроведов со учениците од осмо одделение, каде сакав да видам какви се нивните знаења и информации за тоа како се оценува, какво е влијанието на оценката врз изборот на натамошното образование, а подоцна и идната професија, какви информации поседуваат за професиите за кои се заинтересирани итн. Со ова излагање се надевам дека ќе дадам мал придонес во унапредувањето на образовниот процес, односно ќе се создадат услови каде наставникот и стручниот соработник ќе го завземат вистинското место во процесот на формирање на идните кадри на пазарот на трудот.

Клучни зборови: оценување, усна повратна информација, професионален развој, интерна комуникација и др.

1 ЗНАЧЕЊЕТО НА ОЦЕНКАТА КАКО ФАКТОР ЗА НАПРЕДОК

Како што наведов во резимето на овој текст ќе го анализираме анкетирањето на учениците за тоа каков е ставот кон оценувањето и како влијае оценката како мерило за знаењата на учениците. Во анкетата беа вклучени вкупно 97 ученици од осмо одделение сметајќи дека веќе имаат одредени ставови, желби и размислувања за својата идна професија односно идно образование. Во овој дел ќе се изврши анализа на тоа дали оценката влијае на тоа колку и како ќе се научи, дали ученикот доколку има висока оценка го сака предметот и колку оценката е мотивирачки фактор за да се учи по одреден предмет.

1.1 Зошто учиме?

Таб.1

tabela 01

Во делот на тоа за што учат учениците јасно можеме да видиме дека доминира бројката од 85.5%, каде учениците се изјаснуваат дека знаењето е мотивот за кој учат. Според тоа заклучокот е дека имаат знаења односно предзнаења за тоа како би се движело нивното образование во иднина. И во ова прашање веќе се наметнува оценувањето како важен фактор за напредокот на учениците. Но дали е така?

1.2 Дали оценката влијае на тоа како и колку ќе научи ученикот по одреден предмет?

Таб.2

tabela 02

Во овој дел јасно можеме да видиме дека оценката е таа која го одредува мотивот за продлабочувањата на знаењата по одреден предмет. Дури 77% од учениците се изјасниле позитивно по ова прашање. И пак го имаме оценувањето како формативното така и сумативното за квалитетот на оценување.

1.3 Колку оценката влијае на тоа дали ќе го сакате или не одреден предмет?

Таб.3

tabela 03

Во табелата јасно се гледа дека влијанието иако е градирано сепак големото и делумно влијание се изедначуваат. Дали е тоа поволно или неповолно ќе се забележи во делот кога ќе бидат запрашани за тоа дали високата оценка е таа која пресудна за тоа дали ке одберат образование каде предметот по кој има висока оценка се изучува или има големо влијание.

2 ДАЛИ ОЦЕНКАТА Е МОТИВИРАЧКИ ФАКТОР ЗА ИЗБОР НА ОДРЕДЕН ПРЕДМЕТ

Во вториот дел од текстот ќе се анализира влијанието на оценката врз изборот на предметот, а понатаму и изборот на идната професија. Исто така ќе се анализира и предзнањето на учениците за идната професија.

Таб. 4

tabela 04

Во овој дел односно табелата го гледаме добро познатиот став на учениците, кој го подржуваат дури 70% дека оценката е таа која го одредува правецот или линијата на движење на образованието на ученикот. Тука како важен фактор се јавува оценувањето на ученикот. Да се истакнат но и правилно да се вреднуваат неговите знаења, за да го насочиме кон правиот пат. Тука наставникот ја има најголемата сила и влијание непристрасно, јавно и транспарентно да ја стави оценката.

2.1 Дали оценката по одреден предмет ќе влијае на изборот на понатамошното образование или избор на идната професија?

Таб. 5

tabela 05

Високиот процент на ученици кои се изјасниле за влијанието на оценката врз изборот на предметот или идно образование 76%, не обврзува нас како наставници да го дадеме нашиот максимум за објективно и реално оценување. Меѓутоа во овој дел и нашата подршка на учениците кои се залагаат и интресираат по одреден предмет, да им дадеме одредени податоци за поврзаноста со идната професија.

2.2 Дали сте сте добиле информации за професијата што ве привлекува?

Таб. 6

tabela 06

Следејќи ги податоците од табелата можеме да заклучиме дека 68% од учениците веќе имаат информации за тоа каква е професијата која ги привлекува, меѓутоа исто така важно е да се напомене и високиот процент на скоро 30% кои немаат представа каде ке продолжат. Тука е важноста на наставникот со својот удел и своите знаења и компетенции да даде насока и правец, а заедно со родителит за идното образование. Наставникот, како и родителот, би требало да го насочи детето самостојно да научи да го цени сечиј, вклучително и сопствениот труд, особено доколку добро си ја врши работата. Детето треба што порано да се мотивира да започне некаква работа која одговара на неговите физички и интелектуални можности. За да има позитивни ефекти од насочувањето на детето кон професионалната ориентација, меѓу другото, потребно е и детето да се покаже активно во целиот процес на подготовка за избор на идната професија. Дури и за самостојното носење на професионалните одлуки, детето треба да се научи уште во најраната возраст.

2.3 Дали сте се запознале со предизвиците што ги носи професијата?

Таб. 7

tabela 07

Се разбира, не треба да се чека последната година на учениците за да се обрне внимание на професиналната ориентација - тоа е процес и тема којашто е актуелна за време на целото школување на учениците. Во табелата јасно се гледа дека дури 65% од учениците знаат некои од предизвиците што ги носи професијата за која се заинтересирани, меѓутоа ако ја споредиме со таб. 8 ќе видиме дека дури 51% од податоците доаѓаат од родителите кој пак во анкетата во делот за нивното образование учествуваат со 44% кои имаат средна стручна спрема. Во овој дел сакам да го истакнам како што ќе видиме подолу дека наставникот е далеку покомпетентен за насочувањето, давањето информации за одредени професии.
2.4 Од каде сте ги добиле податоците за професијата

Таб. 8

tabela 08

На ова прашање загрижувачки се податоците во смисла што учениците во само 6.1% побарале помош односно добиле податоци од стручната служба за идната професија. Помошта што наставникот може да му ја понуди на ученикот може да биде круцијален фактор во понатамошниот развој на ученикот. Тој, не само што најдобро знае за потенцијалот на својот ученик, туку може да му ја долови вистинската слика за тоа што го очекува на неговото идно работно место. Независно дали ќе се одлучи за наставник, менаџер, адвокат, трговец,, архитект, важно е да се види себеси во таа професија. Наставникот може да дискутира за овие важни избори и со самиот родител. Само преку еден таков разговор ќе може да му помогне на својот ученик да го направи вистинскиот избор.

Заклучок

Следејќи го текстот погоре можеме да заклучиме неколку работи. Добро е што учениците се активираат за знаења кои утре ќе можат да ги применат во секојдневниот живот. Добро е што веќе имаат информации за тоа како ќе се движи нивното образование. Меѓутоа има и работи на кој треба да се поработи. Како прво загрижувачки е процентот на ученици кои добиваат информации за професиите од други извори кои и не се толку релевантни. Второ наставникот и сручниот тим во училиштето се маргинализирани, значи тоа е главниот дел каде што треба да се поработи за да имаат учениците информација од прва рака, точна и релевантна.

 

Подготви: Валентина Фидановска