Многу е тешко да се поверува дека едно фасцинантно природно богатство со речиси вонземски пејзаж се наоѓа на нашата планета.

Токму такво природно богатство е Рио Секрето, неверојатен подземен природен резерват, кој се наоѓа на полуостровот Јукатан во Мексико, на само еден час од градот Канкун.
Овој подземен природен резерват на околу 30 километри истражени пештери и подземни реки, за разлика од другите слични места, е што нивото на водата е многу ниско, така што на нуркачите и спелеолозите, ѝм е овозможено да му пристапат непречено. Водата тече низ еден природен подземен тунел во должина од 5 км. Лавиринтот на овој природен подземен тунел претставува неверојатен систем на пештери издлабени во текот на неколку века од водата на подземната река. Овој кристален музеј каде што историјата на нашата планета е запишана на безброј геолошки формации, се смета дека е стара околу 72 милиони години, уште од времето на на Маите.
Оваа природна атракција била речиси непозната се до 2007 година, кога мексикански земјоделец Дон Клео, случајно ја открил. Денес овој систем, на тунели, подземни премини, пештери и карпи, е отворен за посетителите.
Воодушевувањето е предизвикано од прекрасниот поглед на експанзивниот пештерскиот систем со кристално јасна тиркизна вода и восхитувачки спектар на геолошки формации, како што може да сесретне во авантуристичките романи. Катедралите од варовнички сталактити и сталагмити формирани во текот на милиони години, што кријат геолошки тајни за растителниот и животинскиот свет, заедно со надворешниот свет на џунглата, претставуваат едно големо светско чудо. Таа е една од најдобро чувните тајни и една од ретките пештери во светот, каде мистериозно и мошне спектакуларно, може да се стигне до мистичните приказни за подземниот свет на Маите.

01 02

 

2017 04 22 093207 2017 04 22 093301

 

https://www.youtube.com/watch?v=yVuRPBh0TSU

https://www.youtube.com/watch?v=3nXGxp-3Eh4

https://photos.smugmug.com/Dave-and-Deb-The-Planet-D/i-FXSsGnk/0/O/Rio-Secreto-mexico-9.jpg

http://static.thousandwonders.net/R%C3%ADo.Secreto.original.1334.jpg 

https://photos.smugmug.com/Dave-and-Deb-The-Planet-D/i-Q8894TP/0/O/Rio-Secreto-mexico-11.jpg

 

Автор:

Валентина Фидановска