На 16.03.2024 година се одржаа регионалните натпревари по географија за ученици од VII, VIII и IX одделение.

На натпревари учествуваа околу 350 ученика од VII, VIII и IX одделение распоредени во о 21 регион. Тие и оваа година своите географски знаења ги покажаа преку тестовите на знаење согласно наставните програми по географија.

Право на  учество на државен натпревар имаат сите ученици кои освоиле прво, второ и трето место од соодветниот регион и сите кои имаат освоено 85 и над 85 бодови на натпреварот.

Доколку од регионот нема ученик со над 85 бода, првопласираниот од соодветниот регион, се приклучува кон учениците кои се пласирани за државниот натпревар, но не помалку од 70% од максимално предвидените бодови на регионалниот натпревар;

На регионалните натпревари, дипломи добиваат ученици со освоени прво, второ и трето место, додека менторите добиваат уверение за учество на натпреварите и пофалница за освоено место. Доколку повеќе ученици постигнат ист број на бодови на регионалните натпревари, сите ученици го делат истото место.

На сите учесници им благодариме за довербата, а на оние кои продолжуваат на следното ниво на натпреварување им посакуваме успех.

Незадоволните ученици, односно менторот (од Скопските региони) имаат право на приговор, најдоцна 90 минути по објавувањето на резултатите, односно неофицијалната ранг листа, на емаилот на здружението. Комисијата е должна да ги разгледа приговорите и за тоа да го извести подносителот.

Резултатите од одговорот по приговорот се конечни.

НЕОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА СЕДМО ОДДЕЛЕНИЕ

НЕОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА ОСМО ОДДЕЛЕНИЕ

НЕОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ

 

Клуч за седмо одделение - македонски јазик

Клуч за осмо одделение - македонски јазик

Клуч за деветто одделение - македонски јазик

Клуч за седмо одделение - албански јазик

Клуч за осмо одделение - албански јазик

Клуч за деветто одделение - албански јазик

 

Комисија:

1. Проф. д-р Дејан Наковски

2.  M-р  Марина Стојмирова

3. Проф. Бурим Алиу