На 8. 03 2017 година, во 9:40 часот по локално време, по силна бура што го зафати островот Гозо, по пририден пат се сруши Азурниот прозорец, еден од најпознатите туристички атракции на Малта.

Опасноста од неговото рушење не било непознаница и уште при истражувањата во 2013 година, оваа катастрофа била најавена.
Силни ветрови кои ја зафатиле областа, предизвикале големи бранови во морето, така што бурата предизвикала рушење на Азурниот прозорец, еден од 26-те природни арки на Малтешкиот Архипелаг, кои се создавани во текот на изминатите 500 години по пат ерозија.
Азурниот прозорец, се наоѓа во западниот дел на островот Гозо (Малта), во Средоземното Море и претставува варовничка карпа со висина од 28 метри, во форма на свод. Како светско наследство, беше под заштита на УНЕСКО од 1998 година, а за туристите и нуркачите, една од најпуларните дестинации.
Азурниот прозорец ќе остане како спомен во филмовите "Судир на титаните" во1981година и "Грофот од Монте Кристо" во 2002 година, како и во телевизиските серии "Одисеја" и "Игра на троновите". 

azzure  Azure

Azure Window of Malta Collapses Into the Sea After Storm 8-3

The Azure Window is lost and gone forever

Malta's Azure Window collapses after heavy storm – video

GEOLOGICAL AND GEOTECHNICAL REPORT ON THE AZURE WINDOW, GOZO: ROCK ASSESSMENT AND RECOMMENDATIONS ON PRESERVATION AND CONSERVATION