Полуостровот Камчатка е сместен на далечниот исток на Русија, помеѓу Охотското Море на исток и Тихиот Океан и Беринговото Море на запад. Полуостровот Камчатка е долг 1200 км, а најголемата широчина изнесува 480 км., се протега на околу 370.000 км2 . На полуостровот се издигаат две планински вериги: Централна и Источна верига. Највисоката точка на Источната верига, како и на целиот полуостровот е вулканот Кључевскаја Сопка или скратено Кључевскаја со височина од 4,750 метри.

Од 127 вулкани колку што се наоѓаат на полуостровот Камчатка, само 29 се активни вулкани и сите се сместени на Источната верига на полуостровот. Покрај тоа тука има и многубројни поствуклански појави како што се гејзерите, изворите на термоминерална вода, како и голем број на сулфатари и фумароли.
Покрај источниот и југоисточниот брег на полуостровот Камчатка паралелно се протега Курилско-камчатскиот ров, кој продолжува паралелно со Курилските Острови (Острови што чадат) за да се надоврзе на Јапонскиот ров, источно од островот Хокаидо. Стратовулканите се појавуваат кај субдукционалните зони, каде што океанската тектонска плоча се подвлекува под континенталната тектонска плоча. Во овој случај големата пацифичка тектонска плоча се подвлекува под Охотската тектонска плоча што предизвикува јака сеизмичка и вулканска активност. Тоа е северозападниот дел од Пацифичкиот Огнен Прстен.

01
Курилско-Kamчатски Ров

Кључевскаја Сопка, уште познат под името Кључевскаја, представува стратовулкан, кој е воедно највисока планина на полуостровот Камчатка и највисок активен вулкан на Евроазиското тло. Вулканот претставува стрмна симетрична купа во облик на конус со височина од 4,750 метри, одалечен околу 100 километри од Беринговото Море. Самиот вулкан се наоѓа на 56º и 3' северна географска чирочина, и 160 º и 39' источна географска должина. Вулканот Кључевскаја Сопка како и останатите вулкани на Полуостровот Камчатка, представуваат природно наследство на Планетата Земја и затоа се заштитени од УНЕСКО.
Стратовулканите се уште познати како слоевити или композитни вулкани, се состојат од висока конусно обликувана вулканска купа, составена од повеќе слоеви на стврдната вулканска лава,чакал, вулкански карпи, вулканска пепел и останат еруптивен материјал.
Во Пацифичкиот огнен прстен има 452 стратовулкани, а најпознати во Светот се вулканот Кракатау, познат по катастрофалната ерупција во 1883 година, како и вулканот Везув, познат по ерупцијата во 79 година од нашата ера кога беа уништени градовите Помпеја и Херкуланум.

02

Стромболска ерупција. 1: Облак на пирокластичен материјал, 2: Лапили, 3: Пирокластичен материјал во пад, 4: Фонтана од лава, 5: Вулканска бомба, 6: Тек на лавата, 7: Слоеви на лава и пепел, 8: Слој, 9: Дајк, 10: Вулкански канал, 11: Лежиште на магмата, 12: Сил

03

Вулканска згура

Ерупцијата на вулканот Кључевскаја на Камчатка се карактеризира со силна експлозија пропратена со константно испуштање на чад, водедна пареа и вжештени гасови од централниот кратер на врвот на купата и од околу 70 секундарни или т.н. паразитски кратери сместени на пониските вулкански падини. Лавата која излегува од вулканот брзо се лади и стврднува благодарение на нејзината густина односно киселост. Лавата од вулканот Кључевскаја се карактеризира како фелзична (кисела со присуство на минералот:Риолит, до интермедијална со присуство на минералите: aндезит и дацит Во подножјето на вулканот е сместена Руската вулканската станица „Камчатка„ која е изградена во 1935 година.

04Ерупција на вулканот Кључевскаја Сопка во периодот од 16 до 20 октомври 2013 година

Вулканот Кључевскаја се карактеризира со Стромболискиот тип на ерупција која го добила името според вулканот Стромболи во Италија. Италијанскиот вулканолог Џузепе Меркали ги студирал ерупциите на вулканите: Стромболи и Вулкано во периодот од 1888 до 1890 година, кога ги забележал големите разлики во нивните ерупции. Меркали ја окарактеризирал Стромболиската ерупција со релативно мала експлозија и исфрлање на вжештена згура, лапили и вулкански бомби во регуларен временски интервал.

05
Ерупција на вулканот Кључевскаја снимена од ISSA

Првата забележана ерупција на вулканот Кључевскаја се случила во 1697 година, и оттогаш вулканот е постојано активен, како и повеќето активни вулкани во неговата околина. Прв човек кој се искачил на вулканот е истражувачот Даниел Гаус, заедно со уште два члена од неговата експедиција во 1788 година. Во 1931 година неколку планинари загинале при спуштањето од вулканот Кључевскаја, погодени од летечки парчиња на вжештена лава, лапили и вулкански бомби.
На почетокот на јануари 2007 година, вулканот започнува нов еруптивен циклус. На 28 јуни 2007 година е забележана силна ерупција, пропратена со силна експлозија и облак од чад кој се издигнал на височина од 10 километри, што предизвикало застој во авионскиот сообраќај од САД кон Азија. На 27 фебруари 2010 година, Кључевскаја исфрла облак од вжештени гасови на височина од 7,000 метри. Во првата недела на март 2010 година вулканот еруптира и исфла облаци од вжештени гасови и вулканска пепел на височина од 6,000 метри, пропратено со излевање на лава од кратерот. На 15 октомври и 29 ноември 2010 година, се забележани слаби, краткотрајни ерупции на вулканот Кључевскаја. За разлика од него во истиот период, околните вулкани, како Безимени, Каримски, Кизмен и Толбчик постојано еруптираат празнејќи го главното магматско лежижте на вулканот Кључевскаја. На 19 ноември 2013 година се случува силна експлозија, пропратена со исфрлање на вулканска пепел на височина од 10 до 12 км. што причини голем застој на авионскиот сообрачај помеѓу Азија и Севрна Америка. Силна ерупција на вулканот е забележана и на 9 декември 2013 година. Слаби ерупции од Стромболиски тип се забележани во јануари, март и август 2015 година. Вакви слаби ерупции го карактеризираат и периодот од 2016 до 2017 година.

06
Ерупција на вулканот Кључевскаја Сопка 30 август 2017 година

Вулканот Кључевскаја на Камчатка, како и останатите активни вулкани во регионот се сметаат за свети места, меѓутоа најголемото духовно значење за локалното население на овој просторот има вулканот Кључевскаја Сопка. Староседелците на Камчатка го сметаат локалитетот за место каде што настанал Светот.

 

Библиографија:
Јозеф Добкин-Живите гиганти на Аљаска 1989 година
Х.У.Шминке-Вулканизам, издадена 2004 година
Вулканите на Русија- Енциклопедија Википедија
Klycevskaya Sopka- Encyclopædia Britannica

Поврзани линкови: 

2018 02 20 144730  2018 02 20 144918  2018 02 20 145005  2018 02 20 145055  2018 02 20 145121

Борис Калејчев