Патувањето не е привилегија на богатите.Тоа е начин на однесување и стил на живеење. Во денешно време имаме повеќе шанси за посета на нови места, запознавање со нови култури и традиции, а притоа да не ни се потребни многу финансиски средства.

Доволен е еден клик на компјутерот и веќе сме купиле поевтина авионска карта, резервирале хотел, трансфер од аеродром, дури сме го избрале и менито за вечера во познат ресторан. Сигурно би се сложиле со констатацијата дека патувањата се во корелација со потребите на современиот човек. Се патува на море, езеро, планина, сафари, конференција, семинар, концерт, посета на пријатели...
При секое патување, задолжително носиме сопствен апарат или телефон за да го забележиме моментот, користиме таблет или компјутер доколку престојуваме работно. И кога ќе пристигнеме во хотелската соба се соочуваме со проблем: Како да ја наполниме батеријата на мобилниот? Како да го дополниме таблетот? Каде да купиме адаптер? Дали ќе ни прегори машинката за бричење?
Повеќето од овие апарати имаат двоен напонски капацитет. Во секој случај до колку се сомневате и не сте сигурни, најдобро е на позадината од батеријата или полначот да погледнете каков напон користи апаратот и дали е потребен конвертор на напон.
Најчесто европските земји користат напон од 220-240 волти. Во САД и Канда електричниот напон е 120 волти. Општ заклучок е дека електричните пруклучоци варираат во зависност од местоположбата на државите.
Подолу се наведени повеќето користени видови на електрични приклучоци ширум светот.

01

Во Европа меѓу најчесто користените електрични приклучоци се типовите А и С. Во Македонија и балканските држави се користат типовите C и F. Во Англија се користи типот G. Во САД пак се користи типот А и В, со забелешка дека волтажата е 120 волти. Во Дубаи пак најчесто користен тип на електричен приклучок е типот G. Меѓутоа, многу латиноамерикански, африкански и азиски земји честопати користат некомпактибилни приклучоци, а понекогаш и напонот се разликува од регион до регион. Ова е додатен проблем за патниците кои патуваат во овие држави да проценат каков вид на адаптер за напојување или трансформатор им е потребен.
На следнава мапа можете да ја видите употребата на различни видови приклучоци во светот.

02

За крај, совет за сите оние кои патуваат или планираат да патуваат. Неопходно е претходно запознавање со електричната инсталација и стабилноста на електричната мрежа во одредената дестинација, истражување на интернет за типовите на прикучоци, приклучници, излези, напони и фрекфенција на електричната мрежа за државата или регионот во кој планирате да патувате. Додатна проверка на апаратите што планирате да ги понесете: Дали имаат опција за полнење на 110 и 220 волти истовремено?
Добро би било да обезбедите и приклучници за електричната инсталација или да споделите искуства со луѓе кои веќе престојувале таму. Но и да не обезбедите доволен број информации или приклучници немојте да се разочарувате, Секогаш можете да побарате помош и решение од рецепционерот, домарот или пак соседот.
Среќен пат.


https://www.power-plugs-sockets.com/
https://www.worldstandards.eu/electricity/plugs-and-sockets/
https://worldwideshambles.com/2013/09/21/fridays-five-favorite-things-traveling-with-an-electrician/

Автор:
Дејан Младеновски
Професор по географија во ООУ ,,Христијан Карпош”- Куманово