Почитувани колеги, Ве известуваме дека Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, активно работи на подготовките за реализирање на натпреварите по географија за ученици од основното образование.

 

Годинешното Собрание на Здружението на професори по географија во Македонија, „Проф. д-р Љубе Миленковски“ - Скопје, кое се одржа на 23.12.2023 година во просториите на амфитеатараот на Универзитетот Скопје, му беше посветено на 30-годишнината од смрта на неговиот патрон, проф. д-р Љубе Миленковски. По тој повод, делегации на Здружението и на Универзитетот Скопје, долгогодишен поддржувач на работата на Здружението, положија свежо цвеќе на гробот на нашиот почитуван професор и учебникар. Делегацијата беше предводена од  проф. д-р Аце Миленковски, ректор на Универзитетот Скопје и претседател на Здружението, кој достоинствено и доследно чекори по стапките на својот татко.

На денешен ден во 1993 година, почина проф. д-р Љубе Миленковски, истакнат професор и претставник на македонското учебникарство.
 
Проф. д-р Љубе Миленковски ја задолжи наставата по географија со големи број научни и стручни трудови публикувани во зборници на научни трудови на многу конгреси, симпозиуми, научни собири и друго.
 
Професорот Миленковски остави длабока трага во македонското учебникарство, а особено во наставата по географија. Тој го обележа патот по кој треба да чекори наставната практика.
 
Неговиот визионерски дух денес служи како патоказ за сите нас, неговите колеги и соработници, да продолжиме и да го надоградуваме тој патоказ за подобар просперитет на наставата по географија.

Ве информираме дека 10. јубилејна Седница на Собрание на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, ќе се одржи во просториите на Универзитетот Скопје, на 23.12.2023 година (сабота), со почеток во 12:00 часот.

За учесниците на Собранието предвиден е семинар за стручно усовршување и профсионален развој.

Патните трошоци за учество на Собранието се на товар на Здружението, а се обезбедени преку фондот проф. д-р Љубе Миленковски.

Ве молиме да го потврдите Вашето присуство најдоцна до 17.12.2023 на службениот маил на здружението Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или преку регионалните координатори.

Во прилог:

Агенда на активности за сабота

Дневен ред на Собрание

Агенда за панел дискусија

Извештај за работата на здружението во 2023 година

Програма за работа во 2024 година

 

Со почит,

Здружение на професори по географија на Македонија

„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Проф. д-р Аце Миленковски