ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“– Скопје, продолжува и понатаму да работи на градење искрено пријателство, меѓусебна почит, взаемно разбирање и доверба меѓу членовите.
По тој повод и по повод новогодишните и божикните празници, на 16.01.2023 година, Здружението организира заедничка вечера и дружење во Кочани.
Домаќин на овогодишната активност е колегата Сашко Стефановски.
Сите заинтересирани членови за подетални информации да се обратат на службениот e-mail на здружението Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или кај колегата Сашко Стефановски најдоцна до 11.01.2023 година.

  

 

И 29 години по проф. д-р Љубе Миленковски, неговото дело продолжува да живее преку исклучителниот придонес на неговото потомство, ученици и соработници во развојот на географската научна мисла, унапредување на образованието и обезбедување квалитет во учебникарството!

 

 

 

 

 

Денеска, во амфитеатарот на Универзитетот за туризам и менаџмент, се одржа Деветтата седница на Собранието на Здружението на професори по географија на Македонија „Проф. д-р Љубе Миленковски“ – Скопје.

На 17.12.2022 година (сабота) со почеток во 12:00 часот, на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, ќе се одржи Годишно Собрание на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје.

Претседателот на нашето здружение, проф. д-р Аце Миленковски, ја доби наградата Маж со трајни вредности на официјалниот избор на манифестацијата „Мажи на годината“ за 2022 година, во организација на ТВ магазинот „Џентлмен магазин“. На гала-вечерта за доделување на наградите, која се одржа вчеравечер во „DoubleTree by Hilton Skopje“, во присуство на голем број јавни личности од бизнис-заедницата, политичари, дипломати, награди добија тринаесетте најуспешни мажи во Македонија за 2022 година.