На 17.02.2024 година се одржаа општинските натпревари по географија за ученици од VII, VIII и IX одделение.

На општинските натпревари учествуваа околу 800 ученици кои оваа година своите знаења ги покажаа преку апликацијата Google Meet.

На регионален натпревар право на учествуваат сите ученици кои освоиле прво, второ и трето место од соодветната општина и сите кои имаат освоено 85 и над 85 бода на натпреварот.
Доколку од општината нема ученик со над 85 бода, првопласираниот (еден) од соодветната општина, се приклучува кон учениците кои се пласирани за регионалниот натпревар, но не помалку од 65% од максимално предвидените бодови на општинскиот натпревар.
Право на директно учество на регионален натпревар имаат и Општини со помалку од 3 (три) училишта.

ОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА СЕДМО ОДДЕЛЕНИЕ

ОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА ОСМО ОДДЕЛЕНИЕ

ОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ

 

На 17.02.2024 година се одржаа општинските натпревари по географија за ученици од VII, VIII и IX одделение.

 

 

Почитувани колеги,

Во пресрет на општинските натпревари во прилог ги објавуваме списоците на пријавените ученици на натпреварот и Ве замолуваме доколку воочите пропуст навремено да нѐ известите.

Исто така, Ве замолуваме да ги проверите мејл адресите на учениците и доколку се пријавени со друга адреса (пр. @yahoo, @hotmail ..., а во списоците истите се обележани со жолта боја) да креирате нова на @gmail.

Доколку има пријавено повеќе од 3 (три) ученика од исто училиште, организаторот по случаен избор ќе ги избрише вишокот на пријавени (во списоците со сива бледа боја).

На 15.02.2024 година (четврток) со почеток во 19:3ќе се реализира пробен тестза кој сите пријавени учесници ќе бидат повикани од страна на тестаторите преку нивните емаил адреси.

Општински натправари ќе се одржат на  17.02.2024 година со почеток во 10:00 часот.

Општинските натпревари ќе се организираат онлајн на Google meet платформата, додека останатите нивоа со физичко присуство согласно календарот и пропозициите.

Им посакуваме успех и добро здравје на сите ученици и нивните ментори! 

Здружение на професори по географија на Македонија

   „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје

 

СЕДМО ОДДЕЛЕНИЕ

ОСМО ОДДЕЛЕНИЕ

ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ

Почитувани колеги, Ве известуваме дека Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, врз основа на добиената акредитација активно работи на подготовките за реализирање на натпреварите по географија за ученици од основното образование.

 

По повод новогодишните и божикните празници, на 17 јануари 20204 година, членовите на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје, го посетија Кочани, бисерот меѓу македонските градови и притоа го реализираа своето традиционално празнично дружење.

Домаќин на оваа активност беше колегата Сашко Стефановски.