Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, поддржано од Институтот за национална географија на УТМС, на 09.06.2022 година (четврток) ќе ги додели дипомите, пофалниците и наградите за ученици, ментори и училишта кои учествуваа на Државниот наторевар по географија за учебната 2021/2022 година.

 

На 04.06.2022 година се одржа државниот натпревар по географија за ученици од VI, VII, VIII и IX одделение.
По разгледување на сите пристигнати приговори од страна на Државната комисија, дефинирана е официјалната ранг листа.
Ранг листата е конечна.

Почитувани ученици и ментори,
Ве известуваме дека државниот натправар по географија за учениците од oсновните училишта во учебната 2021/2022 година, ќе се одржи на 04.06.2022 година, со почеток во 12:30 часот во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.
Учесниците треба да бидат присутни во 12:00 на местото на одржување на натпреварите, се со цел безбедно и успешно спроведување на истите. ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје останува доследно во спроведување на активностите кои се во интереси на учесниците и секогаш излегувало во пресрет на барањата на колегите за промена на предвидениот термин, овој пат поради поклопување со натпреварот по физика.
Напоменуваме дека зад веродостојност на податоците на учениците стои менторот. Во прилог е Програмата за активностите на 04.06.2022 година
Ви посакуваме успех во натпреварувањето!

 

П Р О Г Р А М А

12:00 Поздравување на учесниците на натпреварот (проф. д-р Дејан Наковски, потпретседател на ЗПГМ)
12:10 – 12:25 Спроведување на учесниците на натпреварот до просториите за тестирање
12:30 – 13:30 Натпреварувачки дел
13:30 – 14:30 Пригоден коктел и меѓусебно дружење
Објавување на неофицијална ранг листа

На 21.05.2022 година се одржаа Регионалните натпревари по географија за ученици од 6, 7, 8 и 9 одделение од Основните Училишта.

На годинешните Регионални натпревари учествуваа 356 ученици.

Резултатите на учениците се конечни и дадени се во прилог.