Географијата несомнено e една од најстарите науки. Така, дури и во праисторијата, луѓето се обидувале рационално да ги објаснат појавите и процесите во вселената и да го разберат нивниот хронолошки редослед. Иако науката како форма на човечка активност била присутна во повеќето стари цивилизации, пишани траги за природата како целина наоѓаме кај античките филозофи. Денес географијата претставува сложена и комплексна наука која ги проучува природните и општествените појави и процеси во геопросторот, како и врските и односите меѓу нив.

По повод новогодишните и божиќните празници, на 16 јануари 2023 година, членовите на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје, го посетија Кочани, центарот на Кочанското Поле и град познат по „белото злато“ оризот и геотермалната вода. Домаќин на оваа традиционална географска средба беше колегата Сашко Стефановски, на која присуствуваа околу 50 професори од целата држава.

Честит 89-ти роденден, проф. д-р Васил Граматниковски, и воедно честит именден! Професорот Граматниковски е најстариот географ во Република Македонија.
На своето годишно Собрание одржано на 17 декември 2022 година, Здружението на професори по географија на Македонија „Проф. д-р Љубе Миленковски” му додели Златна плакета за придонес во развојот на географијата.