Полуостровот Камчатка е сместен на далечниот исток на Русија, помеѓу Охотското Море на исток и Тихиот Океан и Беринговото Море на запад. Полуостровот Камчатка е долг 1200 км, а најголемата широчина изнесува 480 км., се протега на околу 370.000 км2 . На полуостровот се издигаат две планински вериги: Централна и Источна верига. Највисоката точка на Источната верига, како и на целиот полуостровот е вулканот Кључевскаја Сопка или скратено Кључевскаја со височина од 4,750 метри.

Во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „European Information Network: Active Learning Effective Teaching at School“ беше одржана првата интернационална обука во периодот од 10-16.12.2017 година во Катанија, Италија. На обуката присуствува членови од партнер-училиштата од Турција, Италија, Германија, Финска, Португалија и Македонија.

Селото Гиетхорн се наоѓа во централниот дел на Холандија, во природниот резерват De Veiden, на 130 km од Амстердам. Второто име му е „Холандска Венеција“, поради тоа што нема патишта ниту било какви форми на транспорт. За да се движите наоколу треба тоа да го направите преку еден од 176-те мостови кои ги има.

Република Унгарија е држава која се наоѓа во Средна Европа, во средишниот дел на Панонската Низина. Вкупната територија која ја зафаќа изнесува 93.030 км². Исто така Унгарија е земја членка на Европската Унија, НАТО, ООН, ОЕСР, Светската трговска организација, Вишеградската група и други.

Словачката Република е држава која се наоѓа во централниот дел на Европа со површина од 49.000 km2. Словачка е земја членка на Европската Унија, НАТО, ООН, ОЕСР, Светската трговска организација, Вишеградската група и други.