Креативноста на наставникот која е видлива преку поттикнување и развој на ученичката креативност, претставува индивидуална мотивација која треба да ја применуваат сите оние кои се одредиле за професијата учење и подучување.

Крајните северозападни делови на Кумановската област, долж границата со соседна Република Србија, во литературата од минатото е запишано како Кумановско краиште. Денеска, обично меѓу населението од кумановскиот крај, не се користи таков термин за северозападниот дел на кумановскиот крај.

Некогашните номадски племиња од турското потекло Кумани, навлегувајќи од Азија од исток на територијата на Европа, па и на Балканскиот полуостров и на територија на денешна Република Македонија, во 11 век, со цел вршење на грабежи, оставиле голем траг со нивното присуство на овие простори, кое е сочувано и ден денес во нивните топографски имиња на населени места.

Кратово е град во североисточниот дел на Република Македонија. Лежи на западните падини на Осоговските Планини од двете страни на Кратовска Река, на дното на изгаснат вулкански кратер, по кој го добило и името, на надморска височина од околу 700 m. Зафаќа површина од 220 ha.

Патувањето не е привилегија на богатите.Тоа е начин на однесување и стил на живеење. Во денешно време имаме повеќе шанси за посета на нови места, запознавање со нови култури и традиции, а притоа да не ни се потребни многу финансиски средства.